Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи!
Најдобриот тенисер во светот и бранител на титулата на турнирот во Хале, Јаник Синер беше шокиран во второто коло од Александар Бублик со 1-2 во сетови, односно 6-3, 3-6 и 4-6. Синер го доби првиот сет со 6-3 за само 26 минути и делуваше дека лесно ќе запише победа, меѓутоа ривалот од Казахстан се разбуди во вториот сет и го освои со 6-3, а Бублик беше одличен и во четвртиот сет каде што славеше со 6-4. Италијанецот ваков пораз нема доживеано одамна, односно ова му е прв неуспех против некој тенисер кој е надвор од топ-20 по дури 673 дена.