„Со користење на ласер, воениот брод ја загрозил безбедноста на персоналот и опремата“, изјави портпарол на Министерството за одбрана.
„Загрозувањето на германскиот персонал и нарушувањето на мисијата е целосно неприфатливо“, соопшти германското Министерство за надворешни работи, кое веднаш реагираше со повикување на кинескиот амбасадор. Press24
Германија го повика кинескиот амбасадор во Берлин на разговори откако беше објавено дека кинески воен брод таргетирал германски извидувачки авион со ласер во Црвеното Море.
Инцидентот се случил на почетокот на јули за време на рутински лет како дел од мисијата на Европската Унија наречена ASPIDES, а германските власти го опишаа како сериозно нарушување на безбедноста, објави Си-ен-ен. Авионот на германските вооружени сили, опремен со повеќенаменска сензорска платформа (MSP) за извидување, бил на мисија за заштита на морските патишта кога кинескиот брод го таргетирал со ласер без претходна комуникација. Press24