Панчев и Омерагиќ за првпат заеднички пред камерите за се што е од интерес на македонскиот фудбал, почнувајќи од своите почетоци фудбалски, првите денови на независноста на македонскиот фудбал, борбата и на двајцата за подобрување на состојбите во македонскиот фудбал изминативе 20 години Низ максимално интересен разговор Панчев и Омерагиќ отворено за: – Љубовта кон фудбалот уште на најмала возраст, спортските почетоци и чаирските игранки – Амбициозните родители како несвесен товар за своите деца во фудбалскиот развој и работата со најмладите категории – Инстант клубовите во македонските лиги кои служат повеќе како менаџерски агенции за препродажба на фудбалери – Инфраструктурата и изградба на терените во Македонија – „Фудбалер се станува на терен, а не на трибина!“ – Едукација на македонските тренери за работа со најмладите категории – Која е причината што домашните бизнисмени бегаат од фудбалот, а во клубовите се оставени безмалку на општините, без желба за инвестиции од локалните стопанственици? Ekipa