Европски младински олимписки фестива ЕМОФ Скопје 2025 за нас како земја е едно големо искуство и голема придобивка за македонскиот спорт, истакна министерот за спорт, Борко Ристовски на денешната прес конференција на која присуствуваа претседателот на Европскиот олимписки комитет (ЕОК), Спирос Капралос и претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски, како организатори на овој голем спортски настан што се одржува во Македонија од 20 до 26 јули.