Имаме опозиција која боледува од вирусот на безидејноста, која не извлече ниту една лекција зошто се таму каде што се и толку се слаби што во овој момент некогаш големата СДСМ се сведе да биде застапник на одредени бугарски интереси и да е, за жал, нивната продолжена рака, рече премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на трибината во Кичево „Образование и социјална политика, ги градиме темелите на промените“.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва од трибина во Кичево го поздрави донесувањето на законите за зголемување на пензиите за 2000 денари и за ваучери за студентите во вредност од 15 300 денари.