Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски одговори на интерпелацијата поднесена за него во Собранието од пратеничката група на Левица.
На 04.07.2025 година до мене, преку Претседателот на Собранието на РСМ, е доставена интерпелација за мојата работа, поднесена од шест пратеници од политичката партија Левица – Димитар Апасиев, Борислав Крмов, Реџеп Исмаил, Јована Мојсоска, Амар Мециновиќ и Сашко Јанчев.