Тежок пожар, оценува директорот на ДЗС, е и оној кај селото Дрен, на територија на општина Прилеп каде се ангажирани локални пожарникари со специјализирани возила за гаснење шумски пожари -На пожарот на територијата на Македонски Брод кај селата Грешница и Црешнево кој исто така трае со денови, ангажирани се едно специјално возило „пинц гауер“ од ДЗС и 30 припадници на Армијата, а покрај нив на лице место се наоѓаат и локални сили од пожарникарите и екипи на ЈП „Национални шуми“, вели Ангелов преку видео изјавата испратена до медиумите. Fokus