Експлозии се слушнаа во Шринагар, главен град на делот од Кашмир контролиран од Индија, неколку часа откако Њу Делхи и Исламабад се согласија за прекин на огнот.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Индија и Пакистан се согласиле на прекин на огнот.
Индија и Пакистан се договорија за целосен и итен прекин на огнот, изјави пакистанскиот вицепремиер Исхак Дар.
Пакистанската војска објави дека Индија извршила напади врз неколку пакистански воени бази во текот на ноќта.