1 (45) ■ вести > македонија > политика ■ 03-May 07:18 -> 05-May 13:44
.
.
.
.

Сиљановска Давкова: Македонскиот јазик има повеќе говорители во дијаспората отколку во татковината

  • Филипче: Македонскиот јазик е нашиот глас во светот, нашата татковина дома

  • Ниту тој ќе живее ниту ние ќе бидеме Македонци без него, вели Сиљановска-Давкова по повод Денот на македонскиот стандарден јазик

  • Чествување на Денот на македонскиот јазик и 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик

Поради масовното иселување на младите, во моментов македонскиот јазик има повеќе говорители во дијаспората, отколку во татковината.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитка до граѓаните, по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик.

Како македонски мисионери имаме семакедонска, национална и човечка должност да го чуваме, негуваме, сакаме, развиваме, проучуваме, промовираме и обновуваме македонскиот јазик, оти без нас не ќе живее ниту ние ќе бидеме Македонци без него.

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје денеска организира чествување по повод Денот на македонскиот јазик и 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.

6 (79) ■ вести > македонија > политика ■ 03-May 20:56 -> 05-May 13:57
.
.
.
.

Средбата Мицкоски-Таравари во 17 часот, за премиерот постоеле само две опции

  • За денеска се очекува средба Мицкоски-Таравари, тема функционирањето на Алијанса за Албанците во Владата

  • ДС: МВР да го спречи Ахмети да предизвика безбедносна криза

  • Владата до Ахмети: Помина времето на политичка шизофренија

Средбата на премиерот Христијан Мицкоски со Арбен Тарвари околу актуелните политички случувања ќе биде денеска во 17 часот во рамки на Владата.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека најверојатно денеска ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата и евентуалната соработка со ДУИ на локални избори.

Демократскиот сојуз ги осудува заканите за дестабилизација што ги упати лидерот на ДУИ Али Ахмети и ги повикува надлежните органи да преземат решителна акција за спречување на безбедносно-политичка криза каква што има намера да предизвика неговата партија.

Али Ахмети да не се крие зад националистичката реторика бидејќи тоа е безидејна политичка злоупотреба а владата ја отфрла ваквата реторика на закани и ултиматуми од првиот интегративец откако лидерот на ДУИ вчера се закани дека доколку поранешниот функционер Крешник Бектеши биде обвинет ќе излезат на улица и ќе останат таму, а ќе бараат и предвремени парламентарни избори.

Повеќе од
оваа категорија

52 (8) ■ спорт ■ 04-May 15:30 -> 04-May 21:37
.
.
.
.

Ракометарите се собраа во Скопје пред дуелите со Естонија и Литванија (ФОТО)

  • Лазаров: Немаме право на грешка, очекувам два психолошки меча

Македонските ракометни репрезентативци се собраа во Скопје пред тешките натпревари кои ги очекуваат против Естонија и Литванија во квалификациите за Европското првенство (ЕП). Македонија ја чека тешка задача во последните две квалификациски кола, а ракометарите се свесни дека само триумф против двата ривали е опција доколку сакаат да ги задржат шансите за пласман на големото натпреварување.

Селекторот на машката ракометна репрезентација Кире Лазаров, на денешниот собир за финишот на квалификациите за пласман на ЕП, истакна дека Македонија ќе ја чекаат два тешки меча од психолошки аспект, и од аспект што здравствениот билтен не е поволен, со оглед дека ќе недостасуваат некои ракометари.

Повеќе од
оваа категорија

91 (8) ■ бизнис > македонија ■ 03-May 19:55 -> 04-May 17:21
.
.
.
.

Со музика и сангрија испратени патниците на првите летови за Барселона и за Лион

  • Од денеска со „Виз ер“ летови до Барселона и Лион

Со диџеј кој пушташе шпанска и француска музика на излезите 201 и 202, на Меѓународниот Аеродром Скопје, како и со освежителни пијалаци – безалкохолна сангрија, ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, вечерва на Меѓународниот Аеродром Скопје ги испрати првите 161 патник кои полетаа за Барселона и првите 180 патника кои се упатија кон францускиот град Лион, означувајќи го почетокот на овие две авиолинии, на кои од денеска, 3-ти мај 2025, редовно ќе лета нискобуџетната авиокомпанија Виз ер. На првиот лет за Барселона, беше и добитничката на двата авиобилети од Виз ер, која беше избрана по случаен избор преку повикот за дарување кој ТАВ Македонија го објави на Инстаграм-страницата и Фејсбук-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Од Меѓународниот аеродром Скопје вечерва стартуваа првите летови за Барселона и за Лион на нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“.