1 (5) ■ вести > македонија > политика ■ 13-May 21:48 -> 13-May 22:14
.
.
.
.

ВМРО-ДПМНЕ НЕМА НАМЕРА ДА СОРАБОТУВА СО БЛИСКИ НА ДУИ Муцунски не прифаќа за партнер некој што водел попустлива надворешна политика

  • Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ нема намера да соработува со некој што е близок со ДУИ

Доколку Арбен Таравари има намера да соработува со ДУИ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да соработува со него, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Mинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во гостување на тв Сител истакна дека доколку Арбен Таравари има намера да соработува со ДУИ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да соработува со него, притоа посочи дека Владата е стабилна и работи транспарентно и посветено на реформите во Македонија.

2 (87) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 11-May 14:50 -> 13-May 21:49
.
.
.
.

Сестрата на Фросина најави протест за утре – судската одлука е „убиството во Македонија се исплаќа“

  • Во Основниот кривичен суд ќе биде изречена пресуда за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова

  • Денеска треба да биде изречена пресудата за Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина

  • Таткото на Фросина Кулакова: Дали родителите на Васил Јованов однапред ја знаеја висината на казната?

Оваа срамна пресуда е само уште еден триумф на праксата на неказнивост што ја негува нашето труло судство.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова, откако на судењето што почна на 9 овој месец обвинетиот Васил Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова, откако на судењето што почна на 9 овој месец обвинетиот Васил Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Со нескриени огорченост и бес Тодор Кулаков, таткото на 22-годишната Фросина, ја прими пресудата и казната затвор од 12 години што Основниот кривичен суд Скопје денеска му ја изрече на Васил Јованов кој ја прегази младата девојка на пешачки премин во Скопје.

3 (110) ■ вести > македонија > политика ■ 11-May 12:08 -> 13-May 22:17
.
.
.
.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Мицкоски да предложи нови кадровски решенија по заминувањето на Таравари од владината коалиција

  • Алијансата за Албанците (AA) на Таравари одлучува дали ќе остане во Владата

  • СДСМ: Таравари ја напушти Владата, сите гледаат дека Мицкоски ја води државата во провалија

  • Меџити до Таравари: Ти не донесе промена, Влен продолжува по патот на промената

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашнава седница, на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата, го овласти лидерот на партијата и претседател на Владата Христијан Мицкоски, да предложи нови кадровски решенија на позициите што досега ѝ припаѓаа на Алијансата за Албанците, по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владината коалиција.

Алијансата за Албанците (AA) на претседателот Арбен Таравари вечерва во централното седиште во Тетово одржува состанок со највисоките раководни органи на партијата.

Излегувањето на Алијанса за Албанците од Владата е доказ дека полека, но сигурно и граѓаните и политичките партии кои се уште се дел од владината коалиција гледаат дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ.

Лидерот на Демократското движење и еден од лидерите на коалицијата „Влен“ Изет Меџити по излегувањето на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари од владината коалиција напиша дека Влен продолжува по патот на промената.

5 (27) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 13-May 10:17 -> 13-May 16:33
.
.
.
.

Фрчкоски: Кривичната пријава е банална, срамна и полна со неправилности

  • Кривична пријава за Фрчковски – осомничен за злоупотреба на буџетски пари во САД

  • КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ФРЧКОСКИ: Бившиот амбасадор во ОН е осомничен за злоупотреба на 116.000 долари од буџетот на Македонија

Љубомир Фрчкоски, поранешниот шеф на Постојаната мисија на Македонија при ООН во Њујорк, реагира по кривичната пријава за злоупотреби во службата.

Поранешниот шеф на Шеф на Постојаната Мисија на Македонија при ООН во Њујорк, Љубомир Фрчковски, заедно со уште три лица, е осомничен за злоупотреби во службата.

На 12.05.2025 Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Д.Ф. (67), К.Г. (37), Ј.И. (64) и И.С. (41), сите од Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ. Пријавениот Љ.Д.Ф. во својство на службено лице – Шеф на Постојаната мисија на РСМ при ООН во Њујорк, во периодот од април 2022 година до октомври 2024 година ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што постапил спротивно на Инструкција од Министерството за надворешни работи и Мислење од Министерство за финансии.

8 (7) ■ вести > македонија > политика ■ 13-May 19:14 -> 13-May 20:46
.
.
.
.

Пренџов: ДУИ нема да биде дел од Владата, сè додека неа ја предводи премиерот Мицкоски

  • Пренџов: Ќе видиме дали некој од неговите ќе му верува на Таравари

Да испратам една порака до сите пред сè до граѓаните на Република Македонија, а тоа е дека сè додека оваа политичка генерација, актуелна предводена од премиерот Христијан Мицкоски сме здрави и живи и сè додека имаме поддршка од граѓаните, Али Ахмети, Бујар Османи, Артановци и на нив сличните нема да бидат ниту дел од Владата, ниту ќе бидат власт во Република Македонија.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти Влада, истакна дека останува на времето да видиме колку од високите владини функционери и други функционери, директори ќе му веруваат и ќе одлучат да играат согласно неговите лични интереси и ќе поднесат оставки од позициите.

9 (11) ■ вести > македонија ■ 13-May 16:43 -> 13-May 18:55
.
.
.
.

Влада: Ќе се основа Факултет за медицински науки и здравство при Битолскиот универзитет

  • Усвоена е информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите, ќе се градат и реконструираат 30 спортски сали

Владата денеска на 74-тата седница усвоила информација за потреба за основање Факултет за медицински науки и здравство при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Владата на денешната 73 редовна седница ја усвои информација за давање согласност за финансиски средства за набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија за периодот април 2025 – април 2027 година и истите изнесуваат 2.319.311.828,00 денари со вклучен ДДВ, од кои 1.854.864.916,00 денари со вклучен ДДВ се средства потребни за инсулинска терапија и 464.446.912,00 денари со вклучен ДДВ средства потребни за инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија.

11 (22) ■ вести > балкан > регион ■ 11-May 19:16 -> 13-May 21:59
.
.
.
.

Кошта: Албанија и Црна Гора се понапредни, би можеле да се приклучат кон ЕУ пред другите

  • Кошта во посета на Западен Балкан

  • Вучиќ: Никој од Европа не побара од мене распишување избори

Албанија и Црна Гора очигледно се понапредни од другите земји и би можеле да се приклучат кон Европската Унија пред другите, вели во интервју за „Еуроњуз“ претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Црна Гора и Албанија се на брзата трака и пред останатите земји од Западен Балкан за да станат членки на Европската Унија- претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта вели дека земјите од Западен Балкан припаѓаат на европското семејство.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека никој од Европа не побарал од него да распише избори.

Повеќе од
оваа категорија

15 (23) ■ спорт > кошарка > нба ■ 11-May 08:07 -> 13-May 14:25
.
.
.
.

„Брејк“ на Минесота и Бостон за 2-1 во четвртфиналето од НБА плеј-офот

  • Бостон во проблеми: Тејтум поради повреда ќе паузира цела година!?

  • Уверлива победа на Бостон, Минесота подобра од Голден Стејт (Видео)

Минесота успеа да направи пресврт во четвртфиналната плеј-оф серија против Голден Стејт и да поведе со 2-1 откако го доби третиот натпревар со 97-102 и тоа благодарение на одлична игра во последната четвртина кога негативата од шест поени беше претворена во победа.

Американските медиуми пишуваат дека ѕвездата на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум наводно има повреда на ахиловата тетива и поради тоа го чека долга пауза.

Актуелните шампиони во НБА, Бостон Селтикс, со уверливи 115:93 ги совладаа Њујорк Никси во Медисон Сквер Гарден и така стигнаа до првата победа во ова полуфинале од плејофот во Источната конференција на НБА лигата и го намалија заостанувањето на 1:2. Така продолжува трендот во Источната конференција, каде и по шест одиграни натпревари во вториот круг, домашната екипа сè уште нема запишано победа.

Повеќе од
оваа категорија

39 (6) ■ бизнис > економија ■ 13-May 15:28 -> 13-May 16:08
.
.
.
.

Македонија 2025: Вештачка интелигенција, истрајност и неконвенционалниот пат

  • Самит на Македонија2025: Вториот ден во знакот на вештачката интелигенција, образованието, инвестициите и поврзаноста со дијаспората

Утрото започна со панелот „Редефинирање на стратегиите за странски директни инвестиции“, модериран од претседавачот на Одборот на директори на Македонија 2025, Виктор Мизо, каде што истакнати познавачи на областа од Европа и регионот дискутираа за паметни инвестиции и начини на искористување на економскиот потенцијал на земјава.

Вториот ден од Самитот Македонија2025 понуди богата агенда со фокус на иднината на образованието, трансформативната моќ на вештачката интелигенција, глобалните можности за македонските компании и клучната улога на дијаспората во националниот развој.

45 (7) ■ бизнис > култура ■ 13-May 11:45 -> 13-May 13:35
.
.
.
.

Нова едиција на „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ“ – „Браво сине! “ – Вистинските бајки од Македонија за хероите од историјата

  • НОВА ЕДИЦИЈА НА „БРАВО СИНЕ!“ Првите 4 книги се посветени на Блаже Конески, Мајка Тереза, Браќата Манаки и на Марко Цепенков

Во насока на создавање трајни културни вредности и промовирање на македонската култура, издавачката куќа „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ“ – „Браво сине!“, почнаа нов проект – едицијата Вистински бајки од Македонија.

Во насока на создавање трајни културни вредности и промовирање на македонската култура, издавачката куќа „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ“ – „Браво сине!“, почнаа нов проект – едицијата Вистински бајки од Македонија.

60 (7) ■ бизнис > мои пари ■ 13-May 09:40 -> 13-May 13:23
.
.
.
.

Aleph го проширува партнерството со Spotify за управување со глобалната продажба на реклами во повеќе од 80 пазари

  • ALEPH ГО ПРОШИРИ ПАРТНЕРСТВОТО СО SPOTIFY Ќе учествува во глобалната продажба на реклами на повеќе од 80 пазари

Aleph, глобална мрежа на дигитални експерти која иновира на пресекот помеѓу медиумите и плаќањата, и Spotify, најпопуларната услуга за стриминг на аудио содржини со претплата во светот, денес објавија проширено партнерство со кое Aleph станува партнер за продажба на реклами на Spotify во повеќе од 80 пазари, овозможувајќи пристап до повеќе од 20.000 огласувачи.

Aleph, глобална мрежа на дигитални експерти која иновира на пресекот помеѓу медиумите и плаќањата, и Spotify, најпопуларната услуга за стриминг на аудио содржини со претплата во светот, денеска објави проширено партнерство со кое станува партнер за продажба на реклами на Spotify во повеќе од 80 пазари, овозможувајќи пристап до повеќе од 20.000 огласувачи.

112 (7) ■ бизнис > економија ■ 12-May 14:43 -> 12-May 15:55
.
.
.
.

Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст

  • РАБОТНИЦИТЕ БАРААТ ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ, НО МОЛЧАТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА НИВНИТЕ ВЕШТИНИ Самитот на Македонија2025 отвори болни прашања за економските реформи

Стратегии за забрзан економски раст преку болни реформи, значењето на дигиталните политики и иновациите за економија подготвена за иднината, улогата на глобалните економски партнерства, како и иднината на парите, медиумите и дигиталната слобода, се дел од темите на првиот ден од 14-тото издание на Самитот на Македонија2025.

Стратегии за забрзан економски раст преку болни реформи, значењето на дигиталните политики и иновациите за економија подготвена за иднината, улогата на глобалните економски партнерства, како и иднината на парите, медиумите и дигиталната слобода, се дел од темите на првиот ден од 14-тото издание на Самитот на Македонија2025.