Владејачкото мнозинство е комотно, комфорно, речиси две третини од пратениците во Собранието ја поддржуваат оваа Влада, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање, дали ќе има проширување на владејачкото мнозинство.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати пред членовите на градската организација на партијата во Скопје и ги критикуваше локалните и централните политики на ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа на драматичниот пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, економскиот колапс и лицемерното однесување на Владата, која наместо резултати, нуди само пропаганда.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека не гледа конструктивност од страна на опозициската СДСМ во однос на процесот на евроинтеграции на земјава и нагласи дека поради едноцифрениот рејтинг, кој сега го има партијата, има сериозна опасност дали таа ќе продолжи да постои по локалните избори.