Интер Мајами ја запиша првата победа на Светското клупско првенство во САД, триумфирајќи со 2-1 против Порто во 2. коло од Групата А. Двете екипи ремизираа без голови на стартот од првенството, Интер Мајами со египетски Ал Ахли, додека Порто со бразилскиот Палмеирас, за да сега американскиот тим предводен од Лионел Меси дојде и до првата победа, и тоа со пресврт.
Објавена е листа на најпродаваните дресови во американската МЛС лига во 2025 година.Очекувано, на чело на рангирањето е капитенот на Интер Мајами, аргентинската суперѕвезда Лионел Меси.