Татјана Димитровска, сѐ уште е актуелна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) која од април годинава се сомничи за оддавање службена тајна во предметот „Адитив“.
Доколку претседателката на Антикорупциска комисија Татјана Димитровска самата не се поднесе оствака, сите патишта за нејзино разрешување водат до Собранието, но дали и кога тоа би се случило останува непознато.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека треба да има правосилна судска пресуда за да се почне постапка во законодавниот дом за одземање на мандатот на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, која е обвинета за оддавање службена тајна и фалсификување на испитот за добивање безбедносен сертификат.