1 (61) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Jun 07:13 -> 22-Jun 02:30
.
.
.
.

Петрушевски: Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио

  • „Сценарио за дестабилизација скроено во Дубаи“: ВМРО-ДПМНЕ бара Филипче јавно да се огради и да побара оставка од неговиот советник тепач во Кочани

  • ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите

  • ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите на СДС и Филипче се деца на Заев, синоним за неспособност, слаб рејтинг и послушност

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ тврди дека насилството во Советот на Општина Кочани што се случи пред два дена е сценарио за дестабилизација кое што актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче и неговиот претходник, Зоран Заев, го смислиле во Дубаи.

СДСМ повторно се впушти во опасно сценарио за дестабилизација и сеење страв.

Ова не се кандидати на партиската база на СДС, туку тоа се кандидати на Заев издиктирани на Филипче, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ после објавувањата на повеќе имиња кандидати за градоначалници на СДСМ.

СДС уште еднаш ја покажа својата политичка немоќ и потценувањето на граѓаните, со тоа што предложи кандидати за градоначалници кои се синоним за неспособност, слаб рејтинг и партиска послушност кон Зоран Заев, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

2 (62) ■ вести > свет > еу ■ 20-Jun 04:00 -> 22-Jun 02:16
.
.
.
.

Трамп не сака да врши притисок врз Израел: Зошто да барам прекин на огнот кога тие победуваат?

  • Трамп: Немаат поим што јас мислам за конфликтот меѓу Израел и Иран

  • Иран и Израел извршија нови напади откако Техеран ги отфрли нуклеарните преговори

  • Директорката на американската разузнавачка служба: Иран би можел да произведе нуклеарно оружје за неколку недели

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе биде тешко за Израел да ги запре нападите врз Иран во овој момент, една недела од интензивниот конфликт меѓу двете земји и две недели пред претседателот да донесе одлука за вмешаноста на САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп го негираше извештајот на „Волстрит журнал“ дека ги одобрил американските планови за напад врз Иран, велејќи дека весникот „нема поим“ што мисли тој за израелско-иранскиот конфликт.

Иран и Израел разменија нови напади утрово, еден ден откако Техеран изјави дека нема да преговара за својата нуклеарна програма додека е под закана, а Европа се обиде да ги одржи мировните преговори, пренесува Ројтерс.

Директорката на американската национална разузнавачка служба, Тулси Габард, сега тврди дека Иран би можел да произведе нуклеарно оружје „во рок од неколку недели“.Во март, таа пред сенатскиот комитет изјави дека Иран не развива нуклеарно оружје.

3 (96) ■ вести > македонија > хроника ■ 20-Jun 04:58 -> 21-Jun 18:26
.
.
.
.

Нема притвор за носачот на ранецот на Палчо, туку одземен пасош и мерки на претпазливост

  • Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски

  • Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

  • Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и уценет од Палевски - чувствувам срам и душевна болка“

По распитот во полиција, судот ги прифатил предлозите на Обвинителството и на Зоран Давитков му одреди мерки на претпазливост додека трае истрагата, а згора на тоа му го одзеде и пасошот.

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен кривичен суд Скопје со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски откако на изминатото рочиште одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда.

Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни ќе ја донесе конечната пресуда за петмината обвинети за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, откако денеска одбраната на првообвинетиот Љупчо Палевски и другите обвинети во случајот ги дадоа своите завршни зборови.

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за учество во киднапирањето и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, на денешното рочиште во Основниот кривичен суд завршен збор.

4 (24) ■ вести > македонија > политика > образование ■ 20-Jun 05:23 -> 21-Jun 19:00
.
.
.
.

МОН подготвува препораки за примена на вештачката интелигенција во образованието

  • Јаневска: Воведување на вештачката интелигенција е следен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем

  • Министерката Јаневска ќе учествува на дводневен самит за образовни технологии во Истанбул

Министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше дека работна група на Министерството за образование и наука (МОН) со професори од факултети по информатика, работи на подготовка на документ со насоки и посебни препораки за наставниците и учениците за примена на генеративна вештачка интелигенција во процесот на образованието.

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го унапреди квалитетот, ефикасноста и инклузивноста на образованието во Македонија.

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на 6. Меѓународен самит за образовни технологии, што се одржува во Истанбул, од 20 до 22 јуни 2025 година, во организација на Министерството за национално образование и наука на Република Турција.

11 (42) ■ вести > македонија > хроника ■ 20-Jun 05:48 -> 20-Jun 19:15
.
.
.
.

Поранешниот директор на Oнкологија, Васев и организацискиот директор Нухи, одат во притвор

  • Апелација ќе одржи јавни седници по жалбите на Обвинителството за куќниот притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија

  • Поранешните директори на Онкологија одат во притвор

  • Обвинителство бара укинување на куќниот и определување ефективен притвор, додека поранешниот директор на „Онкологија“ Васев бара да се брани од слобода - Курир

Поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, д-р Нино Васев, и организацискиот директор на клиниката, Нехат Нухи, одат во притвор во траење од 30 дена, одлучи скопска Апелација.

Aпелациониот суд во Скопје денеска ќе одржи јавни седници по поднесените жалби од Основното јавно обвинителство по одлуките на Кривичниот суд за поранешните директори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехат Нухи осомничени во случајот „Онкологија“.

Апелациониот суд во Скопје донесе одлука да им одреди ефективен тридесетдневен притвор на поранешните раководители на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи.

Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за случајот „Онкологија“.

15 (14) ■ вести > македонија ■ 21-Jun 11:31 -> 21-Jun 16:30
.
.
.
.

„ПРОДОЛЖУВАМ ДА ГИ КОРИСТАМ СИТЕ КОНТАКТИ ЗА ДА ЈА РАСКАЖАМ МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА“: Мицкоски телефонски разговараше со Пленковиќ

  • Мицкоски: Македонија заслужува членство во Европската унија, но со крената глава!

Добивај вести на Viber Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во телефонски разговор со премиерот Христијан Мицкоски му дал поддршка за евроинтегративниот процес, нагласувајќи дека земјава го заслужува членството во ЕУ. За телефонскиот разговор информираа двајцата премиери на нивните социјални медиуми.-Имав телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска, Во пресрет на извештајот на Европскиот парламент, продолжувам да ги користам сите контакти за да ја раскажам македонската вистина - за нашиот напредок, за вредностите што ги браниме и за иднината што ја заслужуваме, нагласи Мицкоски на Фејсбук.

На својот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски објави дека имал телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија