Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 5 часот и 7 минути и 5 часот и 16 минути регистрираа земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани- Охрид -Струга, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерови локални магнитуди, ML3.4 и ML2.3. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, почувствуван е земјотресот во 5 часот и 7 минути во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава на 18 мај, во 5:07 и 5:16 часот, се регистрирани два земјотреси со епицентар во подрачјето Пештани – Охрид – Струга, на околу 100 километри југозападно од Скопје.