1 (90) ■ спорт > македонија ■ 16-May 11:34 -> 18-May 22:15
.
.
.
.

Лазаров: Браво момци Македонци! Се гордеам со вас! Останавте смирени и во моментите на провокации

  • Алкалоид денеска во Атина го игра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп против АЕК

  • Мукаетов: Ми ја наполнивте душата мене и на цела Македонија

  • Од понеделник во продажба билетите за реваншот Алкалоид – АЕК

Македонскиот селектор и тренер на Алкалоид, Кире Лазаров сосема очекувано пресреќен по големата победа на македонскиот тим над АЕК среде Атина од 25-29 во првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп.

Атински АЕК во 18 часот по македонско, во 19 часот по локално време, денеска го пречекува РК Алкалоид во првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп во олимписката сала „Сунел арена“, што се очекува да биде речиси целосно исполнета, но и покрај тоа, атмосферата во македонскиот тим, според тренерот Кире Лазаров е одична и со позитивно размислување ќе излезат на терен, јави дописничката на МИА од Атина.

ЕКИПА во Атина, Стеван Цаневски Алкалоид е многу блиску до кревање на трофејот во ЕХФ Европскиот куп откако македонскиот тим одигра извонредно на првиот финален дуел со АЕК, славејќи сред Атина со резултат 25-29. Ниту фанатичната атмосфера на трибините ниту инцидентите што ги направија грчките навивачи не ги исфрлија од ритам избраниците на Лазаров, кои одиграа меч за паметење и заслужено стигнаа до победата.

Билетите за финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу екипите на РК Алкалоид и АЕК ќе бидат пуштени во продажба в понеделник во 13:00 часот.

2 (117) ■ вести > македонија > политика ■ 16-May 09:12 -> 18-May 21:30
.
.
.
.

Големи промени во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата на крајот на годинава или на почетокот на наредната, најави Мицкоски

  • Мицкоски: Договорот со Обединетото Кралство е договор за партнерство и еден вид нов договор за Македонија

  • Мицкоски најави големи промени во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата

  • Мицкоски: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

Фото: Маја Јаневска-Илиева Примерот за промени мора да го дадеме ние.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, меѓудругото во своето обраќање на годишната 20 по ред Конференција на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, се осврна и на договорот со Обединето Кралство за кој како што рече е договор за пријателство, економски раст и соработка во повеќе области кои се од клучно значење за државата.

Примерот за промени мора да го дадеме ние.

Договорот за стартешко партнерство со Обединетото Кралство е историски настан за нас, и ќе овозможи инвестициски циклус од пет милијарди фунти или околку шест милијарди евра во делот на инфраструктурата, железницата, транспортот, здравтсвото, итн., изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Тирана на која беше постигната согласност за договорот.

5 (28) ■ вести > македонија > политика ■ 18-May 11:19 -> 18-May 18:15
.
.
.
.

Пратеникот од Струга, Сулејмани од Алијансата поднесе оставка

  • Пратеникот Сулејмани си поднесе оставка од функциите во партијата и во Собранието

  • Салим Сулејмани поднесе оставка од пратеничката функција и од сите партиски функции во Алијанса на Таравари

Пратеникот Салим Сулејмани ја извести јавноста дека поднесува оставка од сите партиски функции во Алијансата за Албанците, како и од функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија.

Пратеникот Салим Сулејмани денеска ја информираше јавноста дека поднесува оставка од сите партиски функции во рамки на Алијансата за Албанците, како и од функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија.

Пратеникот Салим Сулејмани ја извести јавноста дека поднесува оставка од сите партиски функции во Алијансата за Албанците, како и од функцијата пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

7 (66) ■ вести > македонија > политика ■ 16-May 10:26 -> 18-May 18:49
.
.
.
.

Мицкоски: Таравари го одбра својот пат, ќе се обиде повторно да најде начин да влезе во коалиција со нас

  • Влен: ДУИ се движи кон бездната, најновите зделки повеќе не можат да го спасат

  • Ахмети: Ние не бараме Голема Албанија, туку Голема Европа без граници

  • ДУИ: Реториката на Мицкоски е опасна и ги обединува Албанците

Ќе дојде денот кога пак ќе се сретнеме, дали преку ВЛЕН или во други комбинации ќе се обиде да повторно да влезе некако во коалиција со нас, но едвај го чекам тој ден, да сме живи и здрави верувајте ми и тој ден ќе го дочекам, рече денеска премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во обраќање на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМЕ.

Али Ахмети и ДУИ го доживуваат својот политички крај.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, синоќа на собир во Арачиново, му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски прашувајќи го зошто го менува Законот за употреба на јазиците, зошто го менува Охридскиот рамковен договор и зошто го загрозува мирот, стабилноста и безбедноста на државата, информираат од партијата.

Премиерот Мицкоски, во своето последно јавно обраќање, повторно се впушти во опасната реторика на поделба и дискриминација, овојпат насочена кон Албанците.

9 (23) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-May 13:26 -> 18-May 22:45
.
.
.
.

Уапсен охриѓанец осомничен за грабнување - барал пари за ослободување на семејство

  • Градежен работник паднал, починал во болница во Охрид

  • Почина работник при паѓање од градилиште во трговски центар во Охрид

На 18.05.2025 во 00.50 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Свр Охрид го лишија од слобода А.Д.(33) од Охрид, кој се сомничи дека сторил кривично дело „грабнување“ по член 141 од Кривичниот законик.

Тешка несреќа се случи утрово во Охрид, каде што 58-годишен работник го загуби животот при изведување градежни работи во трговски центар во изградба, потврди МВР.

На 16.05.2025 во 09.24 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош Охрид е пријавено дека при изведување градежни работи во трговски центар во изградба во Охрид паднал и се повредил работникот Ѓ.Д.(58) од Охрид.

10 (25) ■ вести > свет > регион ■ 17-May 08:59 -> 18-May 22:00
.
.
.
.

Во Романија утрово се отворија гласачките места за вториот круг од повторените претседателски избори

  • Претседателски избори во Романија: Умерен математичар наспроти екстремен десничар

  • (Видео) Инцидент на изборите во Романија, полицијата го истера кандидатот Симион од избирачкото место

Во Романија, утрово, во 7 часот, се отворија гласачките места за вториот круг од повторените претседателски избори, каде што за претседател би можел да биде избран кандидатот на крајната десница, евроскептикот Ѓорѓе Симион.

Градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан, пензиониран математичар и политички центрист, утре ќе се натпреварува во вториот круг од претседателските избори со десничарскиот изборен фаворит Георге Симион, во обид да ја задржи Романија на проевропскиот пат и да ги смири пазарите со формирање нова влада.

Романскиот претседателски кандидат и лидер на ултранационалистичката партија Алијанса за единство на Романците, Георге Симион, и кандидатот на минатогодишните поништени избори, Калин Ѓорѓеску, беа изнесени од гласачко место во Могосоаја (предградие на Букурешт) од страна на полицијата.

13 (27) ■ вести > свет ■ 16-May 07:24 -> 18-May 22:15
.
.
.
.

Израел објави почеток на нови копнени операции во Газа

  • Рубио: САД се вознемирени од хуманитарната ситуација во Појасот Газа

  • Кризата во Газа само се зголемува, Израел продолжува со интензивно бомбандирање

Израелската војска соопшти дека почнала „обемна“ нова копнена офанзива низ Појасот Газа како дел од својата засилена кампања против Хамас.

Американскиот државен секретар Марко Рубио по разговорот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека Вашингтон е загрижен поради хуманитарната ситуација во Појасот Газа.

Кризата во Газа достигна еден од своите најтемни периоди, бидејќи Израел го блокира внесувањето храна и залихи на територијата и продолжува со интензивираната кампања на бомбардирање, јавува АП. Хуманитарните претставници предупредуваат дека глад се заканува да го зафати регионот.

15 (46) ■ вести > македонија ■ 17-May 15:20 -> 18-May 14:30
.
.
.
.

Николоски: Македонското градежништво ќе расте, очекувам градежниот сектор во Македонија повторно да стане меѓународно конкурентен

  • Николоски: Имаме спремни два проекти кои се околу 2,2 милијарди евра

  • Николоски: Следната недела ќе се потпише Договорот Влада со Влада, градежни активности на терен очекуваме веќе наесен

  • Николоски: Ова беше процес кој траеше повеќе месеци, би рекол и години

Facebook/Aleksandar Nikoloski Со Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија ќе отвори можност за преку 70 проценти од домашните компании да учествуват во реализација на инфраструктурните проекти.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски обелодени ексклузивни детали за договорите со Велика Британија.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски вечерва соопшти дека следната недела во Лондон ќе се потпише Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, по принцип Влада со Влада и образложи кога Македонија може да ги очекува првичните бенефити од ваквото партнерство.

Facebook / Aleksandar Nikoloski Министерот за транспорт, Александар Николоски на вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител се осврна на постигнатиот договор со Велика Британија.

17 (23) ■ вести > свет ■ 18-May 06:06 -> 18-May 15:45
.
.
.
.

Двајца загинати откако мексикански воен брод удри во Бруклинскиот мост

  • Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви и 22 повредени

  • Трагедија во Њујорк откако брод удри во мост, двајца загинати

Две лица загинаа, а 19 се повредени, откако висок тренинг брод на мексиканската морнарица се удри во потпорниот столб на Бруклинскиот мост во Њујорк, јави Би-Би-Си. Бродот „Куаутемок“ (Cuauhtémoc), на кој имало 277 лица, останал без струја додека капетанот маневрирал во близина на мостот, соопшти њујоршката полиција.

Фото: Принтскрин Брод за обука на мексиканската морнарица вчера се удри во Бруклинскиот мост во Њујорк , при што загинаа најмалку две лица, изјави градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, пренесе ДПА.

Две лица загинаа, а 19 се повредени, од кои две се во критична состојба, откако брод за обука на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост во Њујорк, изјави градоначалникот Ерик Адамс.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

255 (4) ■ бизнис > економија ■ 16-May 15:37 -> 16-May 17:24
.
.
.

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 16.05.2025 изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час

  • 89 ЕВРА ЗА МЕГАВАТ ЧАС СТРУЈА НА УНГАРСКАТА БЕРЗА HUPX На македонската берза МЕМО бројката изнесува 92,88

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 16 мај просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 89 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 92,88евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 52,86 евра за мегават час, а на MEMO 58,34 евра.

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 16 мај просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 89 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 92,88евра/mwh, соопштија од ЕДС Инфо поинт.