1 (95) ■ вести > македонија > политика ■ 03-May 20:56 -> 05-May 18:38
.
.
.
.

Таравари пред средбата со Мицкоски: Ништо посебно, АА ќе има сопствени советнички листи и најверојатно сопствени кандидати за градоначалници

  • Алијанса ниту е такси за превоз, ниту е чамец за спасување – реакција на Таравари

  • За денеска се очекува средба Мицкоски-Таравари, тема функционирањето на Алијанса за Албанците во Владата

  • Средбата Мицкоски-Таравари закажана за утре во 17 часот

За средбата што ја најави премиерот Христијан Мицкоски со претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, за во 17 часот во Владата, Таравари вели дека не очекува ништо посебно, бидејќи, како што потенцира, тие се во постојана комуникација.

Министерот за здравство Арбен Таравари и предводник на едното крило на Алијанса за Албанците (AA) реагираше преку Фејсбук во врска со вчерашните политички случувања.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека најверојатно денеска ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата и евентуалната соработка со ДУИ на локални избори.

Најавената средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и Арбен Таравари е закажана за утре во 17 часот.

2 (62) ■ вести > македонија > политика ■ 03-May 07:18 -> 05-May 18:12
.
.
.
.

Љутков: Грижата за македонскиот јазик станува чин на современ патриотизам, да му пристапуваме со љубов и знаење

  • Сиљановска-Давкова: Имаме должност да го сакаме, чуваме, развиваме и промовираме македонскиот јазик

  • Чествување на Денот на македонскиот јазик и 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик

  • Филипче: Македонскиот јазик е нашиот глас во светот, нашата татковина дома

Во ова време на брзи промени, грижата за македонскиот јазик станува чин на современ патриотизам.

Како македонски мисионери имаме семакедонска, национална и човечка должност да го чуваме, негуваме, сакаме, развиваме, проучуваме, промовираме, обновуваме македонскиот јазик, оти без нас не ќе живее, ниту ние ќе бидеме Македонци без него.

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ - Скопје денеска во 10 часот организира чествување по повод Денот на македонскиот јазик и 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитка до граѓаните, по повод 5 Мај - Денот на македонскиот јазик.

5 (11) ■ вести > македонија > хроника > крими хроника ■ 05-May 15:12 -> 05-May 16:25
.
.
.
.

Кривична пријава против поранешен началник и помошник директор во МВР

  • Кривична пријава против двајца поранешни вработени во МВР за злоупотреба на службената положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.Д. и В.В., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.Д. и В.В., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување” по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

6 (9) ■ вести > македонија ■ 05-May 15:23 -> 05-May 18:35
.
.
.
.

Прва награда за авторот на фотографијата „Татко – Кочани“

  • ЗНМ со изложба и доделување награди за најдобри фотографии

Светскиот ден на слободата на медиумите, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), со поддршка од Европската Унија, организираше изложба на новинарска фотографија под наслов „Медиумска слобода низ објективот: Моментите што зборуваат” и свечено ги додели наградите за најдобри фоторепортерски остварувања за 2024 година.

По повод 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), со поддршка од Европската Унија, организираше изложба на новинарска фотографија под наслов „Медиумска слобода низ објективот: Моментите што зборуваат” и свечено ги додели наградите за најдобри фоторепортерски остварувања за 2024 година.

11 (6) ■ вести > македонија > политика ■ 05-May 14:51 -> 05-May 17:48
.
.
.
.

Мицкоски очекува историски голема победа на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ

  • Мицкоски: Скандинавски управуваме со општините

Покажавме европско, скандинавско управување со општините на локално ниво и покажуваме овие година дена на централно ниво дека можело во Македонија да се менаџираат институциите без афери кои што ќе значат криминал, корупција, злоупотреба, вели премиерот Христијан Мицкоски, изразувајќи убеденост во, како што рече „историски голема победа на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ“.

Покажавме европско, скандинавско управување со општините на локално ниво и покажуваме овие година дена на централно ниво дека можело во Македонија да се менаџираат институциите без афери кои што ќе значат криминал, корупција, злоупотреба, вели премиерот Христијан Мицкоски, изразувајќи убеденост во, како што рече „историски голема победа на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ“.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

33 (4) ■ бизнис > македонија > политика ■ 05-May 13:12 -> 05-May 14:39
.
.
.
.

Бањата Кежовица ќе отвори многу перспективи за развој на туризмот

  • НИКОЛОСКИ: Браната на Отиња ќе биде готова в година, во Штип се работи и на ДУП за бањата Кежовица и за изградба на викенд населба

Силна поддршка за општините и дополнителни инвестиции во локалната инфраструктура, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при работната посета на општина Штип.

Во општиона Штип работиме на повеќе проекти, во финална фаза е изработката на ДУП за бањата Кежовица која што треба да отвори многу преспективи за развој на туризмот, пред се на бањскиот туризам, а браната Отиње да биде готова следната година, ова денеска го истакна при посетата на општина Штип вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

109 (8) ■ бизнис > македонија ■ 03-May 19:55 -> 04-May 17:21
.
.
.
.

Со музика и сангрија испратени патниците на првите летови за Барселона и за Лион

  • Од денеска со „Виз ер“ летови до Барселона и Лион

Со диџеј кој пушташе шпанска и француска музика на излезите 201 и 202, на Меѓународниот Аеродром Скопје, како и со освежителни пијалаци – безалкохолна сангрија, ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, вечерва на Меѓународниот Аеродром Скопје ги испрати првите 161 патник кои полетаа за Барселона и првите 180 патника кои се упатија кон францускиот град Лион, означувајќи го почетокот на овие две авиолинии, на кои од денеска, 3-ти мај 2025, редовно ќе лета нискобуџетната авиокомпанија Виз ер. На првиот лет за Барселона, беше и добитничката на двата авиобилети од Виз ер, која беше избрана по случаен избор преку повикот за дарување кој ТАВ Македонија го објави на Инстаграм-страницата и Фејсбук-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Од Меѓународниот аеродром Скопје вечерва стартуваа првите летови за Барселона и за Лион на нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“.