1 (61) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Jun 07:13 -> 22-Jun 02:30
.
.
.
.

Петрушевски: Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио

  • „Сценарио за дестабилизација скроено во Дубаи“: ВМРО-ДПМНЕ бара Филипче јавно да се огради и да побара оставка од неговиот советник тепач во Кочани

  • ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите

  • ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите на СДС и Филипче се деца на Заев, синоним за неспособност, слаб рејтинг и послушност

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ тврди дека насилството во Советот на Општина Кочани што се случи пред два дена е сценарио за дестабилизација кое што актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче и неговиот претходник, Зоран Заев, го смислиле во Дубаи.

СДСМ повторно се впушти во опасно сценарио за дестабилизација и сеење страв.

Ова не се кандидати на партиската база на СДС, туку тоа се кандидати на Заев издиктирани на Филипче, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ после објавувањата на повеќе имиња кандидати за градоначалници на СДСМ.

СДС уште еднаш ја покажа својата политичка немоќ и потценувањето на граѓаните, со тоа што предложи кандидати за градоначалници кои се синоним за неспособност, слаб рејтинг и партиска послушност кон Зоран Заев, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

2 (59) ■ вести > свет > еу ■ 20-Jun 04:00 -> 22-Jun 08:45
.
.
.
.

Трамп го нападна Иран, најавен одговор

  • Трамп: Немаат поим што јас мислам за конфликтот меѓу Израел и Иран

  • Трамп не сака да врши притисок врз Израел: Зошто да барам прекин на огнот кога тие победуваат?

  • Трамп: Иран сака да разговара со нас, а не со Европа

Од: А1он Американските сили погодија три ирански нуклеарни објекти во „исклучително успешен напад“, рече американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека Фордоу, „скапоцениот камен во круната“ на нуклеарната програма на Техеран, е исчезнат.

Американскиот претседател Доналд Трамп го негираше извештајот на „Волстрит журнал“ дека ги одобрил американските планови за напад врз Иран, велејќи дека весникот „нема поим“ што мисли тој за израелско-иранскиот конфликт.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе биде тешко за Израел да ги запре нападите врз Иран во овој момент, една недела од интензивниот конфликт меѓу двете земји и две недели пред претседателот да донесе одлука за вмешаноста на САД.„Мислам дека е многу тешко да се постави тоа барање сега“, рече тој кога беше прашан за изјавата на иранскиот министер за надворешни работи дека САД ќе го повикаат Израел да ги запре воздушните напади ако Трамп е сериозен во врска со разговорите.„Ако некој победува, тоа е малку потешко да се направи отколку ако некој губи, но ние сме подготвени, желни и способни, разговараме со Иран и ќе видиме што ќе се случи.

Американскиот претседател Доналд Трамп се обрати на печатот по пристигнувањето во Бедминстер, град во државата Њу Џерси, каде што се наоѓа неговотo приватнo голф-одморалиште.

3 (96) ■ вести > македонија > хроника ■ 20-Jun 04:58 -> 21-Jun 18:26
.
.
.
.

Отворена истрага за Зоран Давитков за уништување на пиштолот на Палевски

  • Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски

  • Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

  • Страшески: Нема ниту еден конкретен доказ кој ја докажува вината на Палевски, предлагам ослободителна пресуда

Обвинителството отвори истрага за службеникот од Народна Банка Зоран Давитков поради сомнение дека се ослободил од синиот ранец во кој според сведочењето на обвинетиот Велибор Манев, бил пиштолот со којшто свирепо се убиени Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен кривичен суд Скопје со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски откако на изминатото рочиште одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда.

Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни ќе ја донесе конечната пресуда за петмината обвинети за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, откако денеска одбраната на првообвинетиот Љупчо Палевски и другите обвинети во случајот ги дадоа своите завршни зборови.

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште во својот завршен збор во Основниот кривичен суд за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, побара ослободителна пресуда за првообвинетиот Љупчо Палевски, посочувајќи дека Основното јавно обвинителство не ја докажало вмешаноста на Палевски во двата кривично правни настани.

4 (24) ■ вести > македонија > политика > образование ■ 20-Jun 05:23 -> 21-Jun 19:00
.
.
.
.

МОН подготвува препораки за примена на вештачката интелигенција во образованието

  • Министерката Јаневска ќе учествува на дводневен самит за образовни технологии во Истанбул

  • Јаневска: Следен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем е воведување на вештачката интелигенција

Advertisement - Министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше дека работна група на Министерството за образование и наука (МОН) со професори од факултети по информатика, работи на подготовка на документ со насоки и посебни препораки за наставниците и учениците за примена на генеративна вештачка интелигенција во процесот на образованието.

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на 6. Меѓународен самит за образовни технологии, што се одржува во Истанбул, од 20 до 22 јуни 2025 година, во организација на Министерството за национално образование и наука на Република Турција.

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го унапреди квалитетот, ефикасноста и инклузивноста на образованието во Македонија.

6 (42) ■ вести > македонија > хроника ■ 20-Jun 05:48 -> 20-Jun 19:15
.
.
.
.

Поранешниот директор на Oнкологија, Васев и организацискиот директор Нухи, одат во притвор

  • Апелација ќе одржи јавни седници по жалбите на Обвинителството за куќниот притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија

  • Поранешните директори на Онкологија одат во притвор

  • Обвинителство бара укинување на куќниот и определување ефективен притвор, додека поранешниот директор на „Онкологија“ Васев бара да се брани од слобода - Курир

Поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, д-р Нино Васев, и организацискиот директор на клиниката, Нехат Нухи, одат во притвор во траење од 30 дена, одлучи скопска Апелација.

Aпелациониот суд во Скопје денеска ќе одржи јавни седници по поднесените жалби од Основното јавно обвинителство по одлуките на Кривичниот суд за поранешните директори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехат Нухи осомничени во случајот „Онкологија“.

Апелациониот суд во Скопје донесе одлука да им одреди ефективен тридесетдневен притвор на поранешните раководители на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи.

Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за случајот „Онкологија“.

14 (33) ■ вести > македонија > хроника ■ 20-Jun 10:15 -> 21-Jun 23:10
.
.
.
.

Судот во Струга го осуди градоначалникот Мерко со десет илјади евра парична казна

  • ВМРО - ДПМНЕ: Пресудите за Рамиз Мерко се доказ за правосудниот колапс на судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица

  • Градоначалникот Мерко казнет со 10.000 евра за незаконското назначување на директори

  • ПОСТОИ ЛИ ИНСТИТУЦИЈА КОЈА МОЖЕ ДА ГО СПРЕЧИ МЕРКО? Судиите и обвинителите избрани во Зајас и во Струмица го штитат криминалот на СДСМ и на ДУИ, обвини ВМРО-ДПМНЕ - plusinfo.mk

Судот во Струга го прогласи за виновен градоначалникот Рамиз Мерко по обвинението за извршено кривично дело „несовесно работење во службата“, односно за сторени нерегуларности при назначувањето вршители на должност директори на општински основни училишта во селата Лабуништа, Радолишта и Подгорци.

„Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица се заштитници на криминалот на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е проглаен за виновен од страна на судот за несовесно работење во службата поради незаконското назначувањето вршители на должност директори во општинските основни училишта во Лабуништа, Радолишта и Подгорци.

ПОСТОИ ЛИ ИНСТИТУЦИЈА КОЈА МОЖЕ ДА ГО СПРЕЧИ МЕРКО?

15 (29) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Jun 15:01 -> 21-Jun 17:02
.
.
.
.

СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

  • СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, Горан Герасимовски во Центар, Александар Трајановски во Аеродром

  • ТВ 24 дознава: Трајановски во Аеродром, Ацевски во Ѓорче Петров, Бузлевски јуниор во Ресен

Со одлука на Извршниот одбор, СДСМ одлучи да нема кандидати за градоначалници во неколку општини: Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино.

Извршниот одбор на СДСМ вечерва даде согласност за 19 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори.

Александар Трајановски поранешниот директор на ургентниот центар и актуелен член на ИО на СДСМ ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром, поранешниот пратеник Костадин Ацевски ќе се трка за Ѓорче Петров, а синот на поранешниот функционер на СДСМ Димитар Бузлески, Александар е фаворитот на опозицијата за Ресен.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија