Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, денеска ќе ја чуе пресудата по предметот што против него се водеше пред Основниот суд во Струга, во кој тој беше обвинет за „несовесно работење во службата“ и нерегуларности при назначување вршители на должноста директори на основни училишта во струшките села Лабуништа, Радолишта и Подгорци. Kanal5
Олицетворение на правосудниот колапс е Рамиз Мерко, чии судски предмети чудесно застаруваа или беа сторнирани.
Пресудите за Рамиз Мерко се доказ за правосудниот колапс на судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица. Denesen
Меѓу другото, Јованов рече дека за разлика од претходна ослободителна пресуда каде во ревизорскиот извештај немало забелешки за набавката на луксузното возило „Ауди А6“, во овие предмети обвинетиот постапил спротивно Законот за основно образование, како и дека постојат извештаи и записници од извршен надзор од Државен просветен инспекторат со наведени членови каде е постапено спротивно законот.
Во однос на наводите дека постои поделена одговорност меѓу градоначалник и министер во назначувањето директори, градоначалникот назначува и именува директори на општински основни училишта, како што е во предметот. Racin
Обвинителството најави жалба на пресудата.
Претходно, овој месец, Судот во Струга го ослободи Мерко од обвинение за набавка на луксузното возило „Ауди А6“ и други возила за потребите на Општината. Makfax
Пресудата со која градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, беше прогласен за виновен за несовесно работење во службата и казнет со парична казна од 10.000 евра, предизвика бројни реакции во јавноста и ги стави во фокус прашањата за владеењето на правото, политичката корупција и интегритетот на правосудниот систем во Северна Македонија.
Основниот суд во Струга, под претседателство на судијата Јордан Јованов, го осуди Мерко поради нерегуларности при именувањето на вршители на должност директори во општински основни училишта во селата Лабуништа, Радолишта и Подгорци. Puls24
Во тек е и судење против Мерко, во кое тој е обвинет за незаконско поставување спомен-обележје пред општинската зграда.
Пред една недела, судот во Струга донесе пресуда за да го ослободи од обвиненијата Мерко во врска со купувањето луксузно возило за потребите на општината. Mk