1 (61) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Jun 07:13 -> 22-Jun 02:30
.
.
.
.

Петрушевски: Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио

  • „Сценарио за дестабилизација скроено во Дубаи“: ВМРО-ДПМНЕ бара Филипче јавно да се огради и да побара оставка од неговиот советник тепач во Кочани

  • ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите

  • ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите на СДС и Филипче се деца на Заев, синоним за неспособност, слаб рејтинг и послушност

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ тврди дека насилството во Советот на Општина Кочани што се случи пред два дена е сценарио за дестабилизација кое што актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче и неговиот претходник, Зоран Заев, го смислиле во Дубаи.

СДСМ повторно се впушти во опасно сценарио за дестабилизација и сеење страв.

Ова не се кандидати на партиската база на СДС, туку тоа се кандидати на Заев издиктирани на Филипче, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ после објавувањата на повеќе имиња кандидати за градоначалници на СДСМ.

СДС уште еднаш ја покажа својата политичка немоќ и потценувањето на граѓаните, со тоа што предложи кандидати за градоначалници кои се синоним за неспособност, слаб рејтинг и партиска послушност кон Зоран Заев, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

2 (96) ■ вести > македонија > хроника ■ 20-Jun 04:58 -> 21-Jun 18:26
.
.
.
.

Уапсено е лицето од Народна банка, за кое Манев рече дека го уништил ранецот со пиштолот и моторолите

  • Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски

  • Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

  • Уапсен вработениот во Народна банка, за кого Манев сведочеше дека го земал ранецот со пиштолот со кои Вања и Панче се убиени

Штотуку е уапсен вработениот во Народна Банка, З.Д. за кого Велибор Манев, еден од обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска во судница рече дека е „човекот што го уништил пиштолот со кој Љупчо Палевски ги убил Вања и Панче“.

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен кривичен суд Скопје со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски откако на изминатото рочиште одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда.

Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни ќе ја донесе конечната пресуда за петмината обвинети за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, откако денеска одбраната на првообвинетиот Љупчо Палевски и другите обвинети во случајот ги дадоа своите завршни зборови.

Попладнево е уапсен З.Д., вработен во Народна банка, за кого обвинетиот Велибор Манев сведочеше дека го уништил ранецот во кој бил пиштолот со кој се убиени Вања и Панче.

3 (56) ■ вести > свет > еу ■ 20-Jun 04:00 -> 22-Jun 05:56
.
.
.
.

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

  • Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ

  • Европски дипломат: Иранците не можат да седнат со Американците, додека ние можеме

  • Напнатости меѓу Иран и САД заради израелската воена интервенција

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во 01.53 минути, преку социјалната мрежа Трутх сошл објави дека американската армија успешно извршила воздушен напад на три објекти за производство на нуклеарни боеви глави.”Само што го завршивме успешниот напад на три нуклеарни објекти во Иран, вклучително базата Фордо, Натанз и Есфахан.

Израелската армија рано утрово соопшти дека Иран започнал нов ракетен напад врз Израел.

Европските министри за надворешни работи денес ќе се сретнат со својот ирански колега, со цел да го отворат патот за дипломатија околу спорната нуклеарна програма, и покрај тоа што САД активно размислуваат да се приклучат кон израелските напади врз Иран.

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, кој денеска во Женева ќе учествува на првите директни разговори со западните држави по започнувањето на израелската воена акција, јавно ги отфрли тврдењата на американскиот претседател за наводни ирански иницијативи за дијалог со Соединетите Американски Држави.

4 (24) ■ вести > македонија > политика > образование ■ 20-Jun 05:23 -> 21-Jun 19:00
.
.
.
.

МОН подготвува препораки за примена на вештачката интелигенција во образованието

  • „Воведување на АИ е следен чекор во дигиталната трансформација на образовниот систем“

  • Јаневска: Воведување на вештачката интелигенција е следен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем

Министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше дека работна група на Министерството за образование и наука (МОН) со професори од факултети по информатика, работи на подготовка на документ со насоки и посебни препораки за наставниците и учениците за примена на генеративна вештачка интелигенција во процесот на образованието.

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го унапреди квалитетот, ефикасноста и инклузивноста на образованието во Македонија.

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го унапреди квалитетот, ефикасноста и инклузивноста на образованието во Македонија.

6 (42) ■ вести > македонија > хроника ■ 20-Jun 05:48 -> 20-Jun 19:15
.
.
.
.

Поранешниот директор на Oнкологија, Васев и организацискиот директор Нухи, одат во притвор

  • Апелација ќе одржи јавни седници по жалбите на Обвинителството за куќниот притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија

  • Поранешните директори на Онкологија одат во притвор

  • Обвинителство бара укинување на куќниот и определување ефективен притвор, додека поранешниот директор на „Онкологија“ Васев бара да се брани од слобода - Курир

Поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, д-р Нино Васев, и организацискиот директор на клиниката, Нехат Нухи, одат во притвор во траење од 30 дена, одлучи скопска Апелација.

Aпелациониот суд во Скопје денеска ќе одржи јавни седници по поднесените жалби од Основното јавно обвинителство по одлуките на Кривичниот суд за поранешните директори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехат Нухи осомничени во случајот „Онкологија“.

Апелациониот суд во Скопје донесе одлука да им одреди ефективен тридесетдневен притвор на поранешните раководители на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи.

Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за случајот „Онкологија“.

14 (33) ■ вести > македонија > хроника ■ 20-Jun 10:15 -> 21-Jun 23:10
.
.
.
.

Судот во Струга го осуди градоначалникот Мерко со десет илјади евра парична казна

  • ВМРО - ДПМНЕ: Пресудите за Рамиз Мерко се доказ за правосудниот колапс на судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица

  • Градоначалникот Мерко казнет со 10.000 евра за незаконското назначување на директори

  • ПОСТОИ ЛИ ИНСТИТУЦИЈА КОЈА МОЖЕ ДА ГО СПРЕЧИ МЕРКО? Судиите и обвинителите избрани во Зајас и во Струмица го штитат криминалот на СДСМ и на ДУИ, обвини ВМРО-ДПМНЕ - plusinfo.mk

Судот во Струга го прогласи за виновен градоначалникот Рамиз Мерко по обвинението за извршено кривично дело „несовесно работење во службата“, односно за сторени нерегуларности при назначувањето вршители на должност директори на општински основни училишта во селата Лабуништа, Радолишта и Подгорци.

„Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица се заштитници на криминалот на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е проглаен за виновен од страна на судот за несовесно работење во службата поради незаконското назначувањето вршители на должност директори во општинските основни училишта во Лабуништа, Радолишта и Подгорци.

ПОСТОИ ЛИ ИНСТИТУЦИЈА КОЈА МОЖЕ ДА ГО СПРЕЧИ МЕРКО?

16 (29) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Jun 15:01 -> 21-Jun 17:02
.
.
.
.

СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

  • СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, Горан Герасимовски во Центар, Александар Трајановски во Аеродром

  • ТВ 24 дознава: Трајановски во Аеродром, Ацевски во Ѓорче Петров, Бузлевски јуниор во Ресен

Со одлука на Извршниот одбор, СДСМ одлучи да нема кандидати за градоначалници во неколку општини: Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино.

Извршниот одбор на СДСМ вечерва даде согласност за 19 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори.

Александар Трајановски поранешниот директор на ургентниот центар и актуелен член на ИО на СДСМ ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром, поранешниот пратеник Костадин Ацевски ќе се трка за Ѓорче Петров, а синот на поранешниот функционер на СДСМ Димитар Бузлески, Александар е фаворитот на опозицијата за Ресен.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија