2 (22) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Jul 14:10 -> 25-Jul 20:30
.
.
.
.

Гаши денес е отпуштен од болница

  • Гаши пуштен на домашно лекување, институционалните активности ќе ги врши согласно медицинските препораки

  • Гаши: Се враќам на извршување на моите јавни должности

Собранието информира дека по краткиот дводневен престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и по спроведувањето на сите потребни медицински прегледи, здравствената состојба на претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши е добра и стабилна.

Претседателот на Собранието Африм Гаши по дводневен престој на Клиниката за дигестивна хирургија денеска е пуштен на домашно лекување.

Претседателот на Собранието Африм Гаши преку објава на Фејсбук информира дека неговата здравствена состојба е стабилна и дека се враќа на неговите јавни должности.

4 (37) ■ вести > свет ■ 24-Jul 07:53 -> 26-Jul 07:21
.
.
.
.

Судирите Тајланд-Камбоџа може да ескалираат во војна, предупредува Тајланд

  • Нови борби долж спорната граница меѓу Тајланд и Камбоџа

  • Тајландска армија: Девет цивили убиени во судир со Камбоџа, вклучувајќи и едно момче

  • Тајланд и Камбоџа започнаа вооружен судир на спорната граница, повредени двајца војници

Вршителот на должноста премиер на Тајланд, Пумтам Вечачаи, денес изјави дека жестоките борби меѓу неговата држава и Камбоџа, во кои досега животот го загубија најмалку 16 лица, а стотици илјади се раселени, би можеле “да прераснат во отворена војна”, пренесе Би-Би-Си. Опомената на Вечачаи доаѓа во момент кога вооружените престрелки на оспоруваната граница влегуваат во втор ден, што претставува драматична ескалација на спорот кој датира повеќе од еден век.

Утрово повторно имаше борби долж границата меѓу Тајланд и Камбоџа, каде што долгогодишните тензии ескалираа во едни од најлошите насилства во последните години, принудувајќи над 100.000 луѓе да побегнат.

Девет тајландски цивили, вклучувајќи едно осумгодишно момче, беа убиени во вооружена престрелка што избувна меѓу Камбоџа и Тајланд во понеделник наутро, соопшти тајландската војска.

Вооружени судири избувнаа денеска меѓу Тајланд и Камбоџа на спорниот дел од нивната заедничка граница, соопштија двете страни, обвинувајќи се меѓусебно дека први нападнале по неколку недели тензии и дипломатски престрелки.

6 (20) ■ вести > свет > политика ■ 24-Jul 22:37 -> 25-Jul 18:34
.
.
.
.

Макрон потврди дека Франција ќе ја признае Палестина како држава, Израел и Хамас веднаш реагираа

  • Макрон: Франција во септември ќе ја признае државата Палестина

  • Макрон: Франција ќе ја признае палестинската држава во септември

Франција ќе ја признае Палестина како држава, објави синоќа претседателот Емануел Макрон на X. – Во согласност со нејзината историска посветеност на праведен и траен мир на Блискиот Исток, одлучив дека Франција ќе ја признае државата Палестина, напиша Макрон.

Франција ќе ја признае државата Палестина на Генералното собрание на ОН во септември, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

Франција официјално ќе ја признае палестинската држава во септември, изјави претседателот Емануел Макрон, со што ќе стане првата земја од Г7 што ќе го стори тоа.

8 (22) ■ вести > македонија > хроника > крими хроника ■ 24-Jul 17:55 -> 25-Jul 15:19
.
.
.
.

Продолжува претрагата по 16-годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар кај Градско

  • Се трага по 16- годишно девојче, исчезнато во реката Вардар

  • Се уште се трага по 16 годишното девојче кое вчера исчезна во водите на Вардар во близината на Градско

Припадници на МВР и на специјалната единица на Армијата „Волци“, од разно изутрината ја продолжија потрагата по 16-годишното девојче кое вчера исчезна во реката Вардар во близина на село Уланци, општина Градско, соопшти Центарот за управување со кризи.

Итна интервенција – Потрага по исчезнато лице во реката Вардар.

Од рано изутрина се уште трае потрагата по 16 годишното девојче кое вчера исчезна во реката Вардар во близина на селото Уланци општина Градско, соопштија од Центарот за управување со кризи.

9 (12) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Jul 08:00 -> 25-Jul 17:12
.
.
.
.

Перински во Гевгелија: Инфраструктурниот бум е она што ја издвојува оваа Влада од сите претходни

  • Мицкоски: Пуштен во употреба нов булевар во Гевгелија вреден над 2 милиони евра

Денеска во Гевгелија, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со премиерот, Христијан Мицкоски, градоначалникот, Андон Сарамандов и министерот за транспорт, Александар Николовски, присуствуваа на увид во градежните активности на три значајни инфраструктурни проекти.

Гевгелија денес беше домаќин на свечено пуштање во употреба на новата обиколница – улицата „Свети Климент Охридски“, капитален инфраструктурен проект во вредност од над 120 милиони денари (околу 2 милиони евра). Новиот западен булевар претставува значајна сообраќајна артерија која, според премиерот Христијан Мицкоски, ќе придонесе за подобар економски и секојдневен живот во градот.

13 (26) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 24-Jul 12:07 -> 25-Jul 00:21
.
.
.
.

Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба – самоиницијативно тренирале на патека која не е дел од официјалната патека за одржување на велосипедската трка

  • Кумановец со автомобил удрил во малолетни велосипедисти од Исланд

  • Кумановец прегазил двајца велосипедисти од Исланд учесници на младинските игри

Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патека која не е дел од официјалната патека за одржување на велосипедската трка во рамки на ЕМОФ, се наведува во официјалното соопштение на Организацискиот комитет на ЕМОФ Скопје 2025 во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули, во која беа повредени двајца млади исландски велосипедисти -Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:00 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во близина на селото Зубовце, ја информираме јавноста дека двајца малолетни велосипедисти од репрезентацијата на Исланд, учесници на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), се здобија со телесни повреди.

Кумановец со „фолксваген пасат“ удрил во двајца малолетни велосипедисти додека се подготвувале за денешната велосипедска трка која се одржува во рамкиите на европските младински олимписки игри – информираше денеска СВР Куманово.

Кумановец со „фолксваген пасат“ удрил во двaјца малолетни велосипедисти кои се подготвувале за денешната велосипедска трка која се одржува во рамките на европските младински олимписки игри, информираше денеска СВР Куманово.

16 (8) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 25-Jul 17:52 -> 25-Jul 19:24
.
.
.
.

Велешкиот суд изрече две затворски казни за предизвикан пожар во 2019 над езерото „Младост“

  • Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019

Основниот суд Велес попладнево ги осуди правното лице „Реал градба“, како и нејзиниот сопственик, Тасе Илиевски и вработениот Марјан Ангелов, за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ за предизвикување на пожарот над езерото „Младост“ во август 2019 година.

Фирмата „Реал градба“, нејзиниот сопственик, 61-годишниот Тасе Илиевски, и 58-годишниот вработен Марјан Ангелов, се виновни за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ за предизвикување на пожарот над езерото „Младост“ кај Велес во август 2019, пресуди попладнево Основен суд Велес.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

128 (6) ■ магазин > здравје ■ 24-Jul 08:36 -> 24-Jul 12:00
.
.
.
.

ЧЕКОР НАПРЕД ВО БОРБАТА СО КАНЦЕРОТ: Истражувачите се поблиску да развијат „универзална вакцина“ против ракот

  • Истражувачите се поблиску до „универзална“ вакцина против рак

Експериментална mRNA вакцина што ги подобрува ефектите на постојните третмани во борбата против ракот ги доближува истражувачите чекор поблиску до нивната цел да развијат „универзална вакцина“ за „будење“ на имунолошкиот систем во справувањето со канцерогените клетки.

Експериментална mRNA вакцина што ги подобрува ефектите на постојните третмани во борбата против ракот ги доближува истражувачите чекор поблиску до нивната цел да развијат „универзална вакцина“ за „будење“ на имунолошкиот систем . Експериментална mRNA вакцина што ги подобрува ефектите на постојните третмани во борбата против ракот ги доближува истражувачите чекор поблиску до нивната цел да развијат „универзална вакцина“ за „будење“ на имунолошкиот систем во справувањето со канцерогените клетки.