Фото: Мета.мк Универзитетското студентско собрание на УКИМ (УСС-УКИМ) доставиле две официјални барања до Државниот студентски дом – Скопје, студентскиот дом „Пелагонија“ и Министерството за образование и наука, во врска со унапредување на условите за престој и живот во студентските домови.
Од: А1он Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ), имајќи ја предвид важноста на безбедноста, удобноста и достоинствениот студентски живот, достави две официјални барања до надлежните институции за подобрување на состојбите во домовите, информираат од Универзитетското собрание.