Амбасадата на Грција во Скопје го отвора овогодинешното издание на Неделата на Франкофонски филм со проекција на филмот „Ривиера“, грчко-француска копродукција од 2024 година, која претставува горчливо-слатка приказна за процесот на созревање , емоционалната конфузија што ја вклучува и силата да се продолжи напред.
Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Францоконијата: Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Македонија, Албанија, Белгија , Франција и Канада) и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, којашто ќе се одржи од 23 до 30 јуни 2025 година, во Кинотеката на Македонија.