1 (185) ■ вести > свет > политика > војна ■ 12-Jun 07:11 -> 14-Jun 19:15
.
.
.
.

Израел: „Техеран ќе гори“

  • Иран: Не го нападнавме Израел, но одмаздата ќе дојде во блиска иднина

  • Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

  • Њујорк тајмс: Израел се подготвува да го нападне Иран

Израел се закани со жестока одмазда против Иран откако двете земји разменија разорни воздушни и ракетни напади во саботата, еден ден по израелските напади врз нуклеарни објекти, воени бази и високи ирански функционери.

Иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на безбедносни извори, ги негираше израелските извештаи дека Техеран лансирал дронови кон Израел, додавајќи дека иранската одмазда „ќе се случи во блиска иднина“.

Фото: ЕПА Израел утрово соопшти дека го нападнал Иран, а иранските медиуми објавија дека во Техеран се слушнале експлозии.

Израел, според информации од американски и европски претставници, очигледно се подготвува да почне напад врз Иран, објави денеска „Њујорк тајмс“, потег што би можел дополнително да го дестабилизира Блискиот Исток и да ги загрози напорите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да преговара за договор за спречување на Иран да развива нуклеарно оружје.

7 (77) ■ вести > македонија > политика ■ 12-Jun 02:38 -> 14-Jun 12:20
.
.
.
.

Сијарто: Не е само Бугарија, туку и други земји на ЕУ ја попречуваат Македонија

  • Николоски - Сијарто: Силното партнерство со Унгарија и носи огромен бенефит на Македонија

  • Потпишан договор за стратешко партнерство со Унгарија

  • Јаневска и Сијарто потпишаа Меморандум со кој годишно по 20 македонски студенти добиваат стипендии за студии во Унгарија

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска од Скопје порача дека Европската унија јавно кажува дека го поддржува проширувањето кон Западен Балкан, но зад затворени врати на состаноците на 27-те земји-членки, државите кои го поддржуваат проширувањето се малцинство.

Нашите односи со пријателите продолжуваме да ги градиме на уште повисоко ниво.

Договор за стратешка соработка меѓу двете влади и Меморандум за разбирање и имлементација на програмата „Стипендиум хунгарикум“ за периодот 2026 – 2028 година потпишале денеска македонскиот министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и неговиот унгарски колега Петер Сијарто, кој престојува во посета на земјава.

Македонските студенти ќе можат да користат 20 стипендии годишно за да студираат во Унгарија на унгарски или на странски јазик.

9 (30) ■ вести > свет > хрватска ■ 13-Jun 18:45 -> 14-Jun 13:15
.
.
.
.

Хрватски конзул и сопруга повредени во иранскиот напад врз Израел: Загреб повикува на деескалација

  • Хрватскиот конзул и неговата сопруга повредени во нападот во Тел Авив, погодена нивната зграда

  • ВО ИЗРАЕЛ ИМА ЗАГИНАТИ - ИРАН ВО ОДМАЗНИЧКА ОФАНЗИВА: Ова е најсериозниот директен судир во последните неколку години

  • Иран: Одмаздата против Израел почна

Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман изјави дека разговарал со хрватскиот конзул во Тел Авив и неговата сопруга, кои беа повредени во иранскиот напад врз Израел, потврдувајќи дека нивните повреди се полесни.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави во саботата дека иранското раководство ја преминало црвената линија со таргетирање на цивили и дека „ќе плати висока цена за тоа“.

Добивај вести на Viber соопштението на израелската служба за итни случаи Маген Давид Адом, две лица се убиени, а 19 се ранети во ирански ракетен напад што погоди област во близина на станбени згради во Ришон Лезион, јужно од Тел Авив.

Иран потврди дека почнал да се одмаздува против Израел, јавува државната новинска агенција ИРНА.

10 (69) ■ вести > македонија > хроника ■ 12-Jun 18:45 -> 14-Jun 14:34
.
.
.
.

Обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“, 34 физички и три правни лица се товарат за тешки дела против општата сигурност

  • Поднесено обвинение за трагедијата во дискотеката „Пулс“ против 34 физички и три правни лица

  • Акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници, во Кочани уапсени 13 лица

  • Обвинителен акт против 34 физички и 3 правни лица за трагедијата во „Пулс“

На сите 34 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која животот го загубија 62 лица помеѓу кои шест деца им се ставаат на товар – тешки дела против општата сигурност.

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, изјави дека денеска до Основниот суд во Кочани е поднесено обвинение против 34 физички и три правни лица за кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Фото: Маја Јаневска Илиева Во тек е акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници, соопштија од ОЈО ГОКК.

Со години се кршеле закони, се прикривале неправилности за дискотеката „Пулс“ да може да работи без да ги исполнува минималните услови за безбедност, кажа републичкиот обвинител Љупчо Коцевски – обинителството го поднесе обвинението против 34 физички и три парви лица за една од најголемите трагедии во земјава, во која загинаа 62 лица, меѓу нив шест деца, бидејќи за влез во дискотеката не се прашувало за години..

13 (92) ■ вести > свет ■ 12-Jun 09:16 -> 14-Jun 15:30
.
.
.
.

Единствениот патник кој ја преживеа авионската несреќа: Сè се случи пред мои очи (ВИДЕО)

  • (Видео) Луѓето трчаат да ги спасат преживеаните: детали по падот на авионот во Индија

  • Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија

  • Голем број студенти по медицина загинаа во авионската несреќа во Индија

Британскиот државјанин Вишвас Кумар Рамеш, кој чудесно ја преживеа несреќата на авионот на „Ер Индија“ во Ахмедабад, моментално е во болница на лекување, и како што истакна самиот не може да објасни што се случило во моментот кога авионот почнал да паѓа.

Авион на Ер Индија со 232 патници и 10 членови на екипажот се урна во Ахмедабад, Гуџарат, како што потврди и Контролниот центар на државната полиција.

Портпарол на полицијата за новинската агенција ДПА изјави дека авионот, кој сообраќал на релација од западноиндискиот град Ахмадабад до аеродромот Гатвик, се урнал денеска, при што речиси сите патници се верува дека загинале.

Повеќе од 100 тела се однесени во болница во индискиот град Ахмедабад откако авион на „Ер Индија“ што леташе за Лондон со 242 патници се урна неколку минути по полетувањето од западниот индиски град, соопштија властите, очекувајќи бројот на жртви да се зголеми.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

259 (7) ■ бизнис > македонија ■ 12-Jun 12:18 -> 12-Jun 19:08
.
.
.
.

Димитриеска-Кочоска: За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра

  • ЗА 7 ГОДИНИ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА НАПРАВИ ДОЛГ ОД 4,1 МИЛИЈАРДА ЕВРА Сега нема право да коментира кој го зголемил долгот

За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра, а само во период од последните 4 години од нивното владеење 3,3 милијарди евра што покажуваат податоците за движење на јавниот долг по години од 2017 наваму, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во одговор на пратеничко прашање на собраниска седница.

ЗА 7 ГОДИНИ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА НАПРАВИ ДОЛГ ОД 4,1 МИЛИЈАРДА ЕВРА Сега нема право да коментира кој го зголемил долгот Според министерката во континуитет претходната Влада се повикува дека 2 милијарди биле искористени за антикризни мерки, иако Државниот завод за ревизија објави дека само 400 милиони евра се потрошени за антикризни мерки Фото: Принтскрин За 7 години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра, а само во период од последните 4 години од нивното владеење 3,3 милијарди евра што покажуваат податоците за движење на јавниот долг по години од 2017 наваму, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во одговор на прашање за состојбата на долгот од пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи.

269 (7) ■ бизнис > македонија ■ 12-Jun 07:15 -> 12-Jun 15:37
.
.
.
.

ЕЛЕМ Турс со акумулирани загуби од 1,2 милијарди денари, утврди Државна ревизија

  • ЗАСТАРЕНИ СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ, ЗАДОЛЖЕНОСТ И ЗАГУБИ: Ревизорите со забелешки за работењето на ЕЛЕМ ТУРС

Државниот завод за ревизија (ДЗР) по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕЛЕМ Турс ДООЕЛ Скопје, за 2023 година утврди низа недоследности во работењето на Друштвото, кое се соочува со акумулирани загуби од приближно 1,2 милијарди денари и обврски над 268 милиони денари.

Добивај вести на Viber Ревизорите утврдиле недоследности во работењето на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје и констатирале дека се соочува со акумулирани загуби од приближно 1,2 милијарди денари и обврски над 268 милиони денари.

307 (5) ■ бизнис > македонија ■ 12-Jun 12:14 -> 14-Jun 04:47
.
.
.
.

ЦАРИНИТЕ КАКО ДВИГАТЕЛ НА ИНТЕГРАЦИЈАТА: Македонија со нов закон, дигитални реформи и скок во заплени

  • Директорот на Царина на настан со генералните директори на ЕУ и ЗБ: Покажавме дека Царинската управа е силно посветена на реформската агенда за забрзан влез во ЕУ - Agrotim.mk

Време зa читање: 4 минути Во време кога економската интеграција со Европската Унија станува клучна политичка и економска цел за земјите од Западен Балкан, царинските управи се позиционираат како клучничинители во овој процес.

„Во изминатата година покажавме дека Царинската управа е силно посветена на зајакнување на конкурентноста на македонската економија, подобрување на поврзаноста со регионот преку модернизација и отворање нови гранични премини на коишто посветено работиме, како и имплементација на нови технолошко напредни комуникациски системи.

19 (13) ■ сцена > фудбал ■ 12-Jun 12:00 -> 14-Jun 19:00
.
.
.
.

Дејвид Бекам ја доби титулата „Сер“

  • Дејвид Бекам прогласен за витез

На Дејвид Бекам му беше доделена титулата „Сер“ од британскиот крал Чарлс III.

Британскиот крал Чарлс го прогласи поранешниот фудбалер Дејвид Бекам за витез на церемонија по повод неговиот роденден, според традиционалниот список на почести објавен во петокот.„Никогаш не можев да замислам дека ќе ја добијам оваа чест“, им рече Бекам на новинарите, потсетувајќи се на своето воспитување во Источен Лондон, во скромно семејство на „патриотски и горди британски родители, баби и дедовци“.Сер Дејвид и Лејди Викторија50-годишниот Бекам, кој се пензионираше од професионалниот фудбал во 2013 година, сега ја носи титулата Сер Дејвид, додека неговата сопруга Викторија, моден дизајнер и поранешна членка на „Спајс грлс“, станува Лејди Викторија.Бекам, кој стана икона и во светот на спортот и во светот на модата, со години е кандидат за оваа награда.

133 (8) ■ сцена > култура ■ 12-Jun 21:15 -> 14-Jun 12:55
.
.
.
.

„12“ на Синиша Евтимов во продукција на МНТ е најдобра претстава на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

  • Во Прилеп завршува 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Македонски театарски фестивал „Војдан Черднорински“: Сцена од претставата „12“ на Синиша Евтимов Претставата „12“ работена по мотиви на Реџиналд Роуз (12 Angry Men), во адаптација и режија на Синиша Евтимов, во продукција на Македонскиот народен театар (МНТ) ги доби наградите за за уметничко остварување на преставата во целина, специјалната награда за колективна актерска игра и наградата „Димче Трајковски“ за машка епизодна улога за Оливер Митковски на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Со доделување на наградите и со претставата „Вистината“ на Театар Комедија“ во чест на наградените, вечер во Прилеп ќе заврши 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, кој почна на 6 јуни.

274 (4) ■ сцена > култура ■ 12-Jun 08:00 -> 13-Jun 18:15
.
.
.
.

„Кривопаланечко културно лето“ со над 60 настани, започнува на 19 јуни

  • Во Крива Паланка се одржа премиера на адаптирана верзија на „Зоки Поки“

На 19 јуни започнува „Кривопаланечко културно лето“ 2025, со опсежна културна програма со над 60 настани и содржини наменети за сите генерации, што има за цел да ја плени публиката од целата држава и поширокиот регион, дополнително поттикнувајќи го културниот туризам во градот, се наведува во соопштението од Општина Крива Паланка.Програмата ќе биде отворена на 19 јуни со атрактивното стенд-ап шоу на Сашко Коцев, што ќе се одржи во Националната установа Центар за култура, Крива Паланка, а предвидената летна културна програма нуди атрактивни содржини за сите генерации: концерти, изложби, литература, уметност, џез, поп-рок музика, фолклор, гастрономија, понуда, за која, веруваме, ќе се бара место повеќе за присуство и ќе приреди незаборавно уживање за публиката од државата и регионот, велат од општината.

Facebook / НУ Центар за култура Крива Паланка Мудри досетки, впечатливи детски реплики, другарство и дружба на разни генерации дечиња беа дел од вечерашната изведба на сценската адаптација на една од најпознатите книги за деца, „Зоки Поки” од Оливера Николова.