▷ Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, изјави дека денеска до Основниот суд во Кочани е поднесено обвинение против 34 физички и три правни лица за кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Press24
За 11 лица е запрена постапката и нема да се гонат за трагедијата во Кочани, бидејќи немало доволно докази, меѓу нив се ексдиректорите на Државниот пазарен инспекторат, двајца ексминистри за економија, истакна државниот обвинител Љупчо Коцевски. Makfax
Денеска до Основен суд во Кочани се поднесува обвинителен акт против 34 физички и три правни лица за кривични дела со кои предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од поголеми размери, на место на кое се собрале поголем број на луѓе, односно за пожарот при настапот на музичката група ДНК на 16 март, каде што животот го загубија 62 лица, 157 се здобиле со тешки повреди и 54 лица со повреди, изјави Коцевски.
На почетокот од денешната прес-конференција во врска со истрагата за пожарот во Кочани, тој информираше дека е издадена наредба за истражна постапка и против 13 службени лица, полицајци поврзани со случајот. Pressingtv
Добивај вести на Viber Постапката за пожарот во Кочани e запрена за 11 лица, меѓу кои двајца поранешни министри.
За нив нема доволно докази, соопшти републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски во врска со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.„Значи за двајца министри се запира постапката, во период кога истите биле министри, не можам да ви кажам кои, имајќи предвид за другите имаат обвинение, за периодот кога биле на функција“, рече Коцевски. Faktor
Кој сè е на обвинителната клупа На листата се сопствениците на дискотеката и нивни роднини, архитектка, тројца поранешни градоначалници, инспектори, обезбедувачи и неколку високи државни функционери.
За уште 11 лица – меѓу нив и двајца екс-министри за економија – постапката е запрена поради недостиг на докази. Racin
За 13 осомничени полицајци од Штип и Кочани, се бараат мерки за обезбедување на присуство. Skopjeinfo