1 (4) ■ вести > македонија ■ 27-Jun 13:50 -> 28-Jun 14:21
.
.
.
.

Движењето ЗНАМ го поддржува предлогот на Мицкоски за електронски попис

  • На местата каде ЗНАМ ќе има свои кандидати за градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ ќе не поддржи, вели Димитриевски

Претседателот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски денеска изјави дека го поддржува предлогот на премиерот Христијан Мицкоски за електронски попис на населението.

Претседателот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски денеска во изјава за медиумите истакна дека до средината на јули неговата партија ќе ги обелодени кандидатите за градоначалници.

2 (31) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Jun 08:43 -> 28-Jun 12:00
.
.
.
.

Муцунски: Пет проценти од БДП за одбраната е севкупна инвестиција во безбедноста

  • На Муцунски не му е јасно што е тоа „модерен“ македонски идентитет и јазик – предлогот што пратеници од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа во Брисел

  • Муцунски: Мирот не се одржува по случајност, туку преку подготовка, единство и заедничка посветеност

  • Муцунски на настан во Хаг посветен на анализата на клучните одлуки донесени на самитот на НАТО

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, изјави дека определбата за зголемување на средствата за одбрана до 5 проценти од БДП не се однесува само на класични воени набавки, туку претставува севкупна инвестиција во безбедноста, инфраструктурата и економскиот развој на државата.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски не очекува по локалните избори да има промена во државните позиции во однос на уставните измени.

По завршувањето на официјалниот дел од НАТО самитот во Хаг, синоќа, на покана на Atlantic Council, министерот Тимчо Муцунски учествува на настан посветен на анализата на клучните одлуки донесени на самитот.

На маргините на НАТО-самитот, што изминатите два дена се одржа во Хаг, Холандија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, зеде учество на настан посветен на анализата на клучните одлуки донесени на самитот.

3 (34) ■ вести > свет ■ 26-Jun 05:20 -> 27-Jun 22:32
.
.
.
.

Гроси: Центрифугите во иранскиот нуклеарен комплекс Фордо веќе не се оперативни

  • Преглед на вестите од светот

  • Трамп: САД следната недела ќе разговараат со Иран за неговата нуклеарна програма

  • ЦИА тврди дека нуклеарната програма на Иран е „сериозно оштетена“ од американските напади

Нападите што почнаа на 13 јуни предизвикаа значајна физичка штета на три главни локации: Натанз, Исфахан и Фордо, каде што Иран ги концентрираше поголемиот дел од своите активности за збогатување ураниум и конверзија, изјави Гроси за француското радио RFI.

Иранскиот ајатолах Али Хамнеи го прогласи Иран за победник во 12 дененвоот војување со Изарел.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно ќе побара од Иран да ја прекине својата нуклеарна програма на разговорите следната недела, додавајќи дека благодарение на нападите на САД врз Иран, војната меѓу Израел и Техеран заврши брзо.

Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф изјави дека веродостојни разузнавачки информации укажуваат дека нуклеарната програма на Иран е „сериозно оштетена“ во неодамнешните воздушни напади на САД и дека неколку клучни локации се „уништени“, пренесува Си-Ен-Би-Си. Првичната проценка на Агенцијата за одбранбено разузнавање, покажа дека бомбардирањето на три ирански нуклеарни локации од страна на САД можеби ја вратило нуклеарната програма на земјата само за неколку месеци, што е поограничено влијание отколку што изјави претседателот Доналд Трамп по нападите.

13 (9) ■ вести > македонија ■ 27-Jun 11:45 -> 27-Jun 18:03
.
.
.
.

Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив кој е спротивставен со стратешките интереси и на ЕУ и на НАТО

  • МАКЕДОНИЈА ЌЕ УПАТИ НА РАЗУМ ВО СТРАЗБУР ПРОТИВ „МОДЕРНИОТ“ АМАНДМАН Не е мала работа што ЕУ разбра што прави Бугарија, смета Муцунски

Софија е влезена во многу опасен наратив, кој е спротивставен со стратешките интереси и на ЕУ и на НАТО, а кој одговара на трети страни кои сакаат нестабилност во регионот, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција на која даде отчет за стаботеното во изминатата година – Сакам да ја повикам Софија да се однесува рационално, да не биде заглавена во ретроградните наративи кои што за жал одредени кругови во таа држава ги граделе по однос на македонското прашање историски наназад.

Македонија нема механизам да го спречи евентуалното усвојување на амандманот кон Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија кој треба да биде изгласан на почетокот на јули, но ќе направи сè за да упати на разум.

17 (14) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Jun 17:18 -> 27-Jun 14:59
.
.
.
.

Вонреден електронски попис на населението 2026, но со услов

  • Мицкоски предложи електронски попис идната година, но го услови со прифаќање веднаш на една изборна единица

Премиерот со услов: Вонреден електронски попис на населението во 2026 по прифаќање на една изборна единицаВонреден електронски попис на населението во 2026 предложи премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, но неговата реализација ја постави како условена – тој побара да се прифати спроведување на избори со една изборна единица веднаш.

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на собраниската седница посветена на пратенички прашања предложи идната година да се спроведе вонреден електронски попис на населението, но го услови тоа со прифаќање на една изборна единица „веднаш“.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

116 (6) ■ сцена > култура ■ 26-Jun 06:09 -> 27-Jun 12:15
.
.
.
.

Македонските ученици со најмногу награди на меѓународен конкурс за стрип посветен на помирувањето

  • Триумф на македонската стрип заедница на меѓународен стрип конкурс

Фото: comic.mk Младите стрип-автори од Македонија постигнаа голем успех на Меѓународниот конкурс за стрип под мотото „Сè што сакаме да речеме е: дајте му шанса на помирувањето“, организиран од Клубот на визуелни уметници „Рашка школа за цртање“ од Рашка, Србија.

Младите македонски стрип автори убедливо доминираа на Меѓународниот стрип конкурс „ СЕ ШТО САКАМЕ ДА РЕЧЕМЕ Е ДАЈТЕ МУ ШАНСА НА ПОМИРУВАЊЕТ0“ Организатор на оваа повик е Клубот на визуелни уметници „Рашка школа за цртање“ од Рашка,Србија, во партнерство со Creative City Center – Мултифункционален социјален и културен центар од Албанија и соработници од и Србија.

117 (6) ■ сцена > култура ■ 26-Jun 07:10 -> 26-Jun 09:15
.
.
.
.

„Скопско лето“ - Концерт за деца „Песна за жирафата“ денес во Сули Ан

  • Концерт за деца „Песна за жирафата“ вечерва на „Скопско лето“

Во рамки на 46. фестивал „Скопско лето“, вечер од 20 часот во Сули ан ансамблот „Консонанс“ ќе изведе концерт за деца „Песна за жирафата“ – забавна и едукативна приказна на музика на Франц Јозеф Хајдн.

Вечерва, 26. јуни, во рамки на 46. издание на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одржи концерт за деца насловен „Песна за жирафата“ во изведба на ансамблот „Консонанс“ со почеток во 20:00 часот во Сули ан. Влезот ќе биде регулиран со влезници по цена од 300 денари (родител+дете), кои ќе може да се купат пред почетокот на настанот на влезот на Сули ан. „Песна за Жирафата” е музичка приказна за деца која преку прекрасната музика на композиторот Ф. Ј. Хајдн и забавниот и едукативен текст, ни ги претставува и доловува специфичностите на секој од инструментите, на интересен и креативен начин.

126 (5) ■ сцена > life ■ 26-Jun 13:00 -> 26-Jun 18:15
.
.
.
.

Над 500 видови птици ќе исчезнат до крајот на веков

  • Кузеска: Сања Божиновска создаде хаос во енергетиката кој го плаќаат граѓаните

Додека нечии последни мавтања со крилјата и звуци на птичјата песна одекнуваат над шумите, мочуриштата и морските гребени, научниците предупредуваат дека доколку не се преземат итни мерки за зачувување, повеќе од 500 видови би можеле да бидат изгубени засекогаш наредниве 100 години, според напис објавен во списанието „Нејчр“ за екологија и еволуција (Nature Ecology and Evolution). Нивното исчезнување би било тивка трагедија за природата, бидејќи птиците се чувари на природната рамнотежа, од којашто зависи и самиот човечки опстанок, пишува српскиот портал „Политика“.

Додека нечии последни мавтања со крилјата и звуци на птичјата песна одекнуваат над шумите, мочуриштата и морските гребени, научниците предупредуваат дека доколку не се преземат итни мерки за зачувување, повеќе од 500 видови би можеле да бидат изгубени засекогаш наредниве 100 години, според напис објавен во списанието „Нејчр“ за екологија и еволуција (Nature Ecology and Evolution). Нивното исчезнување би било тивка трагедија за природата, бидејќи птиците се чувари на природната рамнотежа, од којашто зависи и самиот човечки опстанок, пишува српскиот портал „Политика“.

174 (4) ■ сцена > култура ■ 26-Jun 08:07 -> 26-Jun 15:15
.
.
.

Во кино „Фросина“ почнува седмото издание на „Златна рамка“

  • Почнува седмото издание на „Златна рамка“ - Денови на македонскиот филм

Од денеска, четврток 26 јуни до 28 јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи седмото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Тридневната ревија ќе понуди богата програма од најновите македонски кратки, документарни и долгометражни филмови, а влезот за сите проекции е бесплатен.

Од денеска до 28 јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи седмото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Тридневната ревија ќе понуди богата програма од најновите македонски кратки, документарни и долгометражни филмови, а влезот за сите проекции е бесплатен.