„Јас сè уште не можам да разберам што е тоа модерен македонски идентитет и модерен македонски јазик, како што има обид да се вметне во овој документ од Европскиот парламент и во таа смисла мислам дека во моментот, ценејќи ги околностите, не мислиме дека има создадено услови за уставни промени, бидејќи, очигледно е дека уставните измени се веројатно најмалото барање кое го има планирано Бугарија во однос на македонското прашање“, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
На маргините на НАТО-самитот, што изминатите два дена се одржа во Хаг, Холандија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, зеде учество на настан посветен на анализата на клучните одлуки донесени на самитот.
Од Хаг, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го коментираше однесувањето на официјална Софија во контекст на евроинтеграциите на државата и нагласи дека дијалогот останува единствениот пат кон стабилизација на Западен Балкан.