Дипломатијата не е само надворешна политика-таа е карактерот на државата во очите на светот.
Facebook / Timco Mucunski „Јас сè уште не можам да разберам што е тоа модерен македонски идентитет и модерен македонски јазик, како што има обид да се вметне во овој документ од Европскиот парламент и во таа смисла мислам дека во моментот, ценејќи ги околностите, не мислиме дека има создадено услови за уставни промени, бидејќи, очигледно е дека уставните измени се веројатно најмалото барање кое го има планирано Бугарија во однос на македонското прашање“, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за „360 степени“.
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, изјави дека определбата за зголемување на средствата за одбрана до 5 проценти од БДП не се однесува само на класични воени набавки, туку претставува севкупна инвестиција во безбедноста, инфраструктурата и економскиот развој на државата.