Обраќање на претседателот на Владата Христијан Мицкоски на одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик во Македонскиот народен театар: Дами и господа, Почитувани сограѓани, Драги пријатели, „Јас се чувствувам како Македонец и сакам да бидам таков“, напиша Крсте Петков Мисирков.
Како македонски мисионери имаме семакедонска, национална и човечка должност да го чуваме, негуваме, сакаме, развиваме, проучуваме, промовираме, обновуваме македонскиот јазик, оти без нас не ќе живее, ниту ние ќе бидеме Македонци без него.
Денес одбележуваме значаен јубилеј – 80 години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик.
Денеска одбележуваме 80 години од историскиот момент на кодификацијата на македонскиот јазик – темелна вредност на нашиот идентитет, култура и државност.