1 (13) ■ спорт > кошарка > нба ■ 21-Jun 08:11 -> 23-Jun 08:45
.
.
.
.

Сезона сведена на еден меч: Индијана против Оклахома - кој и да победи ќе влезе во историјата!

  • Точка

Домаќин на одлучувачкиот седми натпревар е Оклахома, најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната со импресивни 68 победи во 82 натпревари.

Раперот Дрејк (38) се огласи преку Инстаграм приказна и призна дека изгубил 8 милиони долари на обложување во текот на изминатиот месец, пишува „Дејли мејл“.„Морам да ја споделам и другата страна на обложувањето… Загубите се навистина луди во моментов … Се надевам дека наскоро ќе можам да ви покажам некои големи добивки, бидејќи се чини дека сум единствениот што никогаш не го видел „Макс“, додека сите други го добиваат барем еднаш неделно“, напиша музичарот.

4 (42) ■ вести > македонија > политика ■ 21-Jun 00:37 -> 23-Jun 01:47
.
.
.
.

Филипче: Ова не е промената која граѓаните ја бараа, понижени се работниците, земјоделците и младите

  • Филипче: Наместо сите да се интегрираме, очигледно ДПМНЕ сака еден по еден да го бараме патот кон ЕУ

  • Филипче: Живеачката е на раб на достоинство, економски е Македонија понижена

  • Филипче: СДСМ останува на страна на граѓаните, Владата изгуби контакт со реалност

По една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНAM и ВЛЕН, Македонија не изгледа како просперитетна држава со јасна насока, туку како држава со повредено достоинство и разочарани граѓани, изјави денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче на партиската трибина насловена „Македонија понижена – една година Влада“.

По една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, Македонија не само што не се доближи до ЕУ, туку се оддалечи од секоја стратешка насока.

Македонија се соочува со економска криза каква што не е видена со децении.

Во обраќање кон сите разочарани и скептични граѓани, Венко Филипче упати јасна порака – СДСМ не е иста со ВМРО-ДПМНЕ.

5 (47) ■ вести > свет > еу ■ 21-Jun 01:42 -> 23-Jun 08:45
.
.
.
.

САД нападнаа три ирански нуклеарни постројки, Трамп му порача на Иран дека мора да склучи примирје

  • Трамп не сака да врши притисок врз Израел: Зошто да барам прекин на огнот кога тие победуваат?

  • Директорката на американската разузнавачка служба: Иран би можел да произведе нуклеарно оружје за неколку недели

  • Американски конгресмени ја доведоа во прашање законитоста на потегот на Трамп за бомбардирање на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска извршила напади врз три нуклеарни постројки во Иран – Фордоу, Натанц и Исфахан – и дека авионите што ја извршиле мисијата веќе се на пат да се вратат во Соединетите држави.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе биде тешко за Израел да ги запре нападите врз Иран во овој момент, една недела од интензивниот конфликт меѓу двете земји и две недели пред претседателот да донесе одлука за вмешаноста на САД.

Директорката на американската национална разузнавачка служба, Тулси Габард, сега тврди дека Иран би можел да произведе нуклеарно оружје „во рок од неколку недели“.Во март, таа пред сенатскиот комитет изјави дека Иран не развива нуклеарно оружје.

Неколку членови на американскиот Конгрес од двете партии ја доведоа во прашање законитоста на потегот на американскиот претседател Доналд Трамп за започнување воени напади врз Иран.

10 (16) ■ вести > свет ■ 21-Jun 16:27 -> 23-Jun 08:45
.
.
.
.

Утре вонреден состанок на Меѓународната агенција за атомска енергија поради нападите на САД врз иранските објекти

  • Иран поднесе жалба против шефот на МААЕ: Гроси ја загрози неутралноста и кредибилитетот на агенцијата

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Маријано Гроси, денеска објави дека ќе свика вонреден состанок на Одборот на гувернери на МААЕ утре во 10 часот во седиштето на агенцијата во ОН во Виена поради „вонредната ситуација“ во Иран „по најновите напади врз нуклеарните објекти“, се вели на веб-страницата на организацијата.-Со оглед на сè посериозната ситуација во врска со нуклеарната безбедност, Одборот на гувернери ќе се состане на вонредна седница утре, на која ќе зборувам, рече Гроси.

Иранскиот амбасадор во Обединетите нации, Амир-Саид Иравани поднесе официјална жалба до Советот за безбедност на Обединетите нации против пристапот на генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, обвинувајќи го дека не ги исполнил своите обврски и непристрасност во врска со мирнодопските нуклеарни активности на Иран.

13 (13) ■ вести > македонија > политика ■ 22-Jun 12:57 -> 23-Jun 03:20
.
.
.
.

Мицкоски: Одредени политичари во Брисел сакаа да нанесат удар врз македонскиот идентитет и јазик

  • Мицкоски: Успеавме да го амортизираме ударот кој што некој од политичарите во Брисел сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет

„Јас успеав да контактирам со сите во Брисел и мислам дека успеавме некако да го амортизираме оној удар што повторно некој сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик, доформулирајќи го, дообјаснувајќи го со модерен или сегашен, само да се обидат да креираат некоја нова нација, а со тоа да го нарушат и кредибилитетот на самата ЕУ“, изјави премиерот Христијан МицкоскиХристијан Мицкоски – претседател на Влада на РС Македонија / фото: ПринтскринПремиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека деновиве добил, како што рече, вознемирувачки информации за една силна активност на одредени политичари во Брисел.

Очекувам силна порака од Европскиот парламент за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик.

Повеќе од
оваа категорија

11 (20) ■ спорт > фудбал ■ 21-Jun 08:13 -> 22-Jun 20:09
.
.
.
.

Вардар во новата сезона ќе ја брка двојната круна, долговите се минато, клубот ќе има буџет од 3,5 милиони евра!

  • Вардар поразен на контролката против Олимпија Љубљана

  • Закариќ го продолжи договорот со Вардар

Вардар во Раденци, Словенија, ги одржува подготовките за наредната сезона, додека фудбалерите макотрпно работат, брифинг со новинарите одржа претседателот на клубот, Миленко Неделковски кој информираше за актуелните случувања во клубот и амбициите за наредната сезона.

По победата над Будуќност, Вардар денеска ја имаше втората пријателска средба во подготвителниот период, противник на македонскиот тим беше словенечкиот шампион.

Босанскиот интернационалец Горан Закариќ го продолжи договорот со ФК Вардар за уште една година, откако денеска се обврза да остане член на Црвено-црните до јуни 2026 година.

Повеќе од
оваа категорија

53 (8) ■ бизнис > македонија ■ 22-Jun 08:54 -> 22-Jun 13:53
.
.
.
.

Бизнис, држава и иднина - Кочо Анѓушев отворено за многу општествено политички прашања

  • ТХП започна постапка за утврдување на кандидати за локалните избори

Книгата со наслов ,,Таков каков што сум’’ пишува за бизнис, еснаф, наука, иднина, политика, лични погледи на многу општествени случувања, пораки за младите и охрабрување за секој кој сака да почне нешто свое и да биде претприемач.

Ова книга која ја издаде бизнисменот проф. д-р Кочо Анѓушев и е негова автобиографија, со оглед на тоа што внатре пишува и за своето детство, за образованието, за неговите претци, за тоа што научил од неговиот дедо, фабрикант пред втората светска војна, и чии совети му биле насока во неговата работа, а пред се во делот да наоѓа области во кои никој дотогаш нема работено и не се познати.

125 (5) ■ бизнис > економија ■ 22-Jun 06:20 -> 22-Jun 11:15
.
.
.
.

ИНРМ: Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броило

  • ▷ Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

Поднесовме официјално барање до Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини и Државниот пазарен инспекторат, како и до Министерството за енергетика, за да се потврди кој од нив е надлежен за постапување и санкционирање во случај потрошувачите на електрична енергија да немаат визуелен пристап до сопствените броила, информираат од Здружението Инженери на Република Македонија (ИНРМ). Веднаш по добивањето на нивниот одговор, посочуваат, јавноста ќе биде информирана кој инспекциски орган е директно одговорен за постапување по претставки за оневозможен пристап до броилата.

Од: А1он Потрошувачите на електрична енергија имаат законско право на визуелен пристап до сопствените броила, а секое спречување на тој пристап од страна на операторот на електродистрибутивниот систем – во овој случај ЕВН – претставува прекршување на Законот за енергетика.

77 (4) ■ сцена > култура ■ 21-Jun 08:45 -> 23-Jun 06:39
.
.
.
.

Грчкиот филм „Ривиера“ ќе го отвори овогодинешното издание на Неделата на Франкофонскиот филм

  • Од 23 до 30 јуни недела на франкофонски филм во Кинотека на Македонија

Амбасадата на Грција во Скопје го отвора овогодинешното издание на Неделата на Франкофонски филм со проекција на филмот „Ривиера“, грчко-француска копродукција од 2024 година, која претставува горчливо-слатка приказна за процесот на созревање , емоционалната конфузија што ја вклучува и силата да се продолжи напред.

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Францоконијата: Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Македонија, Албанија, Белгија , Франција и Канада) и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, којашто ќе се одржи од 23 до 30 јуни 2025 година, во Кинотеката на Македонија.