Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вечерва официјално го прогласи за отворен Младинскиот олимписки фестивал (ЕМОФ) 2025, истакнувајќи го значењето на спортот како симбол на единство, култура и надеж.
Во недела, 20 јули, со почеток во 20:30 часот, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, свечено ќе биде отворен најголемиот мултиспортски настан што досега се одржал во Македонија – Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025.
За време на свеченото отворање, во живо ќе биде изведена официјалната химна на ЕМОФ, насловена „Together We Shine“, од страна на четири истакнати ѕвезди на македонската музичка сцена – Сара Мејс, Лара Иванова, Јанг Дади и Александар Тарабунов.