Американските авиони извршија „многу успешен напад“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека главните капацитети за збогатување ураниум на Иран се „целосно уништени“.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе биде тешко за Израел да ги запре нападите врз Иран во овој момент, една недела од интензивниот конфликт меѓу двете земји и две недели пред претседателот да донесе одлука за вмешаноста на САД.
Со својата невидена одлука да ги бомбардира нуклеарните постројки на Иран, директно приклучувајќи се кон воздушните напади на Израел против регионален непријател, претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го направи она што го ветуваше со години, дека нема да „се вклучи воено во голема странска војна“.Американските напади, вклучително и насочувањето кон најутврдениот нуклеарен објект на Иран длабоко под земја, претставуваат најризичен потег на надворешната политика во неговиот мандат досега, полн со опасност и неизвесност, според анализата на Ројтерс.Трамп, кој во саботата изјави дека Иран сега мора да избере мир или да се соочи со нови напади, би можел, според аналитичарите, да го испровоцира Техеран да одговори со затворање на Ормутскиот теснец „најважната нафтена артерија во светот“ со напаѓање на американските бази и сојузници на Блискиот Исток, интензивирање на ракетните напади врз Израел и активирање на неговите посреднички групи против американските и израелските интереси низ целиот свет.
Директорката на американската национална разузнавачка служба, Тулси Габард, сега тврди дека Иран би можел да произведе нуклеарно оружје „во рок од неколку недели“.