Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави во саботата дека иранското раководство ја преминало црвената линија со таргетирање на цивили и дека „ќе плати висока цена за тоа“.
Иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на безбедносни извори, ги негираше израелските извештаи дека Техеран лансирал дронови кон Израел, додавајќи дека иранската одмазда „ќе се случи во блиска иднина“.
На Израел му претстои мрачна ноќ, изјави висок ирански функционер за „Си-Ен-Ен“ додека двете земји денес разменуваат удари.
Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за Еј-би-си (ABC) изјави дека израелските напади врз Иран биле одлични.