Добивај вести на Viber И поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи се огласи за проблематизирањето на македонскиот јазик во односите со Бугарија и европскиот извештај.„Ставот на Бугарија за македонскиот јазик преставува предизвик за односите меѓу двете земји низ трите декади од нашето осамостојување.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање за објавите во бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент се согласиле да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на земјава истакна дека на талибански начин се бришат македонскиот идентитет и македонскиот јазик од Ивештајот на ЕП. -За жал, оние егзибиции коишто седум години се случуваа кај нас, дома тука, не доведоа во една ваква ситуација.
СДСМ го обвинува премиерот Христијан Мицкоски, дека е директно одговорен за, како што велат, „бришењето на македонскиот јазик“ од извештајот на Европскиот парламент и за повторното отворање на прашањето за јазикот на Македонија во европските институции.
Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од извештајот за Северна Македонија, потврдува бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев по пишувањата на бугарските медиуми.