Требаше да се вложи многу голем напор за од оваа почетна позиција (наша на Скопје) да се обезбеди чиста, недвосмислена формулација за македонскиот јазик во Преговарачката рамка со ЕУ, која беше одобрена од сите 27 земји-членки, вклучително и Бугарија, вели екс-министерот за надворешни работи и втор човек во ДУИ, Бујар Османи по пишувањето на бугарските медиуми и дел од бугарските европратеници дека три партии во Европарламентот договориле бришење на македонски идентитет и јазик од Извештајот за напредокот на земјава кон ЕУ. Османи потенцира дека во клучниот документ на ЕУ за Македонија, Унијата го прифаќа македонскиот јазик без никакво дообјаснување, без фусноти или ѕвездички, без никакви дополнителни квалификации, чист македонски јазик. Puls24