Енергетската заедница оценува дека новата законска рамка го отвора патот кон интеграција во пазарот на електрична енергија, а како најзначајно, поврзувањето на пазарот на електрична енергија на Северна Македонија со единственото поврзување на ЕУ за еден ден однапред и интрадневно поврзување (SDAC/SIDC). „Овој значаен чекор ќе ја подобри регионалната соработка, како и ефикасноста на пазарот и ќе ја зајакне енергетската стабилност во согласност со правилата на Енергетската заедница“ се наведува во соопштението на Енергетската заедница, во кое се додава и дека поврзувањето на пазарот останува предмет на потврдена усогласеност на законските одредби со Договорот за Енергетска заедница. Netpress