Со воспоставувањето на паркот, се забрануваат активности кои ги загрозуваат видовите како што се: неконтролирано сечење и уништување на шуми, криволов, загадување на езерата и реките, недозволена градба итн.
Воедно, паркот врши научен мониторинг, со помош на биолози и чувари на природата, што овозможува следење на популацијата и здравјето на видовите, објаснува Aнела Ставревска Панајотова, раководителка на одделението за заштита на природа во ЈУ Национален Парк Шар Планина Таа додава дека денес Шар Планина е далеку повеќе посетена од туристи, домашни и странски, од научници и од вљубеници во природата. Faktor