Не сме се откажале од ништо што е бенефит за Македонија, рече денеска министерката енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, на новинарско прашање дали Владата се откажала од проектот Вардарска долина на сметка на изградбата на брзата пруга на Коридор 10. Божиновска на прес-конференција по повод една година од основањето на Министерството посочи дека во изминатата година изградиле институција што ја движи енергетиката, а особено го истакна значењето на новиот Закон за енергетика.
ПРОЕКТОТ „ВАРДАРСКА ДОЛИНА“ Е ВО ИГРА Божиновска тврди дека не е откажан поради брзата пруга Од Министерството најавуваат дека до крајот на годинава ќе се донесат закони за обновливи извори, за енергетска ефикасност, за јавно-приватно партнерство, за геологија и рударство со кој првпат се заштитува македонскиот рубин како национално богатство.