„СПД е наш силен поддржувач во евроинтеграцискиот процес.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска е во Берлин, Сојузна Република Германија, во рамки на Конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД). Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска во Берлин, Сојузна Република Германија, во рамки на Конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД), оствари средба со актуелниот вицеканцелар на Германија и сојузен министер за финансии, Ларс Клингбајл, кој воедно е и ко-претседател на СПД.