Добро е што се усвои извештајот, но за жал, од друга страна, тоа е тотален дебакл и пораз на нашата дипломатија, потенцираше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во изјава за Телевизија 24. Филипче во изјавата посочи дека македонскиот јазик е потврден, благодарение на државничките одлуки на Владата на СДСМ.
За една година власт, ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ ја претворија Македонија во земја на понижени работници, посиромашни граѓани и опасно задолжена држава, истакна на денешната прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Поразителни се податоците на Евртостат, работниците во Македонија денес се на дното на Европа, со најниски плати и најнизок животен стандард.
Дали човекот навистина верува во тоа што го зборува или пак знае дека текстот кој го читаше е само празно слово на хартија и нема врска со реалноста, нема врска со тешкиот живот на граѓаните?
Почитувани граѓани, Драги пријатели, Од првиот ден на мандатот, Владата што ја предводам е посветена на унапредувањето на добрите меѓуетнички односи како еден од најважните императиви за стабилна, праведна и европска држава.