Никој со сигурност не може да тврди дека цените на лебот и брашното ќе бидат стабилни, ниту дека пченицата ќе продолжи да се откупува по договорените 12 денари за килограм, велат мелничарите.
Според нив, како што изминува жетвата, така квалитетот на пченицата се повеќе се намалува и станува полош, несоодветен за производство на лебно брашно, па оттука и несоодветен за сегашната откупна цена. Frontline
Во однос на договорените 12 денари, тие се соодветни на квалитетот на пченицата во почетокот на жетвата, што не значи дека за пченицата со несоодветен квалитет ќе биде таа цена.
Во случајов, како изминува жетвата, квалитетот се повеќе се намалува и станува полош, што видено од страна на мелничката индустрија е несоодветен за производство на лебно брашно и е несоодветен за таа цена. Novamakedonija