Министерот Дурмиши ја истакна важноста на оваа средба, изјавувајќи: “Вашата посета денес не е само дипломатски гест, туку симболичен и суштински момент.” Тој додаде дека оваа годишнина е прилика не само за потсетување, туку и за гледање напред: “Оваа годишнина е повод за сеќавање, но и можност за визија – да ја зацврстиме и продлабочиме нашата економска и стратешка соработка.” За време на разговорите, беше нагласен обостран интерес за соработка во областите на енергетиката, земјоделството, туризмот, фармацијата, инфраструктурата и инвестициите во малите и средни компании.