Се разговараше и за модернизацијата на системот за контрола и мониторинг (СКАДА), како и зајакнувањето на сајбер безбедноста на мрежата.
Исто така, беше потенцирана важноста на развојот на батериски системи за складирање енергија од страна на ЕСМ, како и инсталацијата на дополнителни капацитети за зајакнување на мрежата. Press24
Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Шарлот Ру, Извршен директор за Централна и Југоисточна Европа во Европската банка за обнова и развој (ЕБРД). На средбата се дискутираше за тековните енергетски проекти во Македонија, при што беше посебно нагласена важноста на развојот на ветерниот парк Богданци 2 и напредокот на интерконекторот со Грција, кои ќе придонесат кон зајакнување на енергетската стабилност и интеграцијата во регионалниот пазар. Kurir
Министерството ја потврди својата силна посветеност кон партнерството со ЕБРД, која ја смета за клучен стратешки сојузник во процесот на енергетска транзиција и одржлив развој.
Двете страни се согласија дека продолжувањето на успешната соработка ќе биде од суштинско значење за унапредување на енергетската инфраструктура и зајакнување на енергетската безбедност на земјата. Zoom
Од страна на ЕБРД, беше изразен посебен интерес за искористување на хидроенергетскиот потенцијал, со фокус на можностите што ги нуди хидроцентралата Козјак.
Покрај тоа, на средбата беше разгледан тековниот процес на изработка на Грид мастер планот, кој е клучен за стабилноста на електроенергетската мрежа и за овозможување поголем удел на енергија од обновливи извори. Zoom