Изминатата година во изградбата на патната инфраструктура се направи повеќе отколку во последните девет години, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Од денеска се пушта за сообраќај експресниот пат делница Фариш – Дреново, како дел од експресниот пат Градско – Фариш.
Со завршувањето на експресниот пат низ Фаришката клисура, делницата од Дреново до Градско, пратеникот на СДСМ, Миле Талески, остро реагираше на обидите на ВМРО-ДПМНЕ да си го припише проектот како сопствен.
Интегралното обраќање на премиерот Христијан Мицкоски при пуштањето во употреба експресниот пат Фариш- Дреново, во вредност од речиси 45 милиони евра: „Почитувани граѓани, Почитувани партнери од Европската банка за обнова и развој, Драги пријатели, Денес го пуштаме во употреба експресниот пат Фариш- Дреново, во должина од 10,2 километри, со вредност од речиси 45 милиони евра- проект што е директна инвестиција во развојот, безбедноста и иднината на овој регион, на државата, на секој граѓанин.