Собранието денеска го усвои Предлогот за ребаланс на Буџетот за 2025 година, што претставува одраз на одговорно и флексибилно управување со јавните финансии во услови на динамични економски предизвици. Fokus
Станува збор за дополнителни 6 милиони денари за проектна документација за нова сообраќајница во општина Куманово во Буџетот на Министерството за транспорт, дополнителни 50 милиони денари за исплата на социјални надоместоци во буџетот на Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и 5 милиони денари за Универзитетот „Гоце Делчев“ во Буџетот на Министерството за образование и наука.
„Секоја ставка во овој ребаланс е заснована на реална потреба и на анализа на ефектите. Mk
Заменик народниот правобранител Илбер Руфати се обрати на седницата, посочувајќи дека и покрај изнесените барања за зголемување на буџетот за народниот правобранител, тоа не е сторено.
Собранието денеска ја започна 62-та пленарна седница на која на дневен ред е ревидираниот предлог на измените и дополнувањата на Буџетот за 2025 година, Предлог на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година, по скратена постапка. Biznisvesti