1 (5) ■ вести > свет > политика ■ 23-Jul 07:45 -> 23-Jul 08:55
.
.

Трамп објави трговски договор со Јапонија со царини од 15 проценти

  • Трамп објави дека постигнал трговски договор со Јапонија со царини од 18 отсто

Вчера, американскиот претседател Доналд Трамп изнесе соопштение преку неговата социјална мрежа Truth Social, во кое информираше за постигнување на трговски спогодба со Токио.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат трговски договор со Јапонија, за кој рече дека ќе резултира со инвестиција од 550 милијарди долари од страна на Јапонија во САД и плаќање на реципрочна царина од 15 проценти.

10 (31) ■ вести > македонија > политика ■ 21-Jul 19:14 -> 22-Jul 23:05
.
.
.
.

МЕЏИТИ: ДУИ се крие зад Данела, таа е искористена и злоупотребена од Блерим Беџети

  • Меџити не ја исклучува опцијата да биде кандидат за градоначалник на Чаир

  • Меџити: ДУИ се крие зад Данела и ја искористува во пресрет на кампањата

  • ВЛЕН: Бујар Османи одржал 11 состаноци во Белград, 0 во Косово

Жално е што ДУИ дојде до вакво дереџе што кога се работи за Чаир се крие зад Данела и таа е искористена и злоупотребена од Блерим Беџети и другите, наместо да се занимава со градот, јавните претпријатија, чистотата, водата на градот, градоначалничката се занимава само со Чаир, истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Вицепремиерот и министер за животна средина и еден од лидерите на коалицијата ВРЕДИ Изет Меџити не ја исклучува можноста тој да биде кандидат за градоначалник на Општина Чаир на претстојните локални избори во октомври.

Жално е што ДУИ дојде до вакво дереџе што кога се работи за Чаир се крие зад Данела и таа е искористена и злоупотребена од Блерим Реџепи и другите, наместо да се занимава со градот, јавните претпријатија, чистотата, водата на градот, градоначалничката се занимава само со Чаир, истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

За само 4 години како министер, Бујар Османи трчаше 11 пати на средби во Белград, а ниту еднаш во Приштина.

16 (37) ■ вести > македонија > политика > граѓани ■ 21-Jul 08:10 -> 22-Jul 16:40
.
.
.
.

Левица ќе иницира разрешување на претседателката на ДКСК

  • ДКСК: Поднесувањето оставка како морален чин е одлука и право на самата претседателка

  • ДКСК: Одлуката за престанок на функцијата и разрешувањето на претседателката на ДКСК е на Собранието

  • ГАШИ: Треба да има правосилна судска пресуда за да почне постапка за разрешување на Димитровска, претседателката на ДКСК

Пратеничката група на Левица попладнево соопшти дека преку пратеникот Борислав Крмов како член на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувања ќе поднесе предлог за разрешување на претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска.

Доколку претседателката на Антикорупциска комисија Татјана Димитровска самата не се поднесе оствака, сите патишта за нејзино разрешување водат до Собранието, но дали и кога тоа би се случило останува непознато.

Одлуката за престанок на функцијата и разрешувањето на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е во надлежност на Собранието, согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека треба да има правосилна судска пресуда за да се почне постапка во законодавниот дом за одземање на мандатот на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, која е обвинета за оддавање службена тајна и фалсификување на испитот за добивање безбедносен сертификат.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија