Од АД ЕСМ информираа дека за активирање на наоѓалиштето ќе се спроведе и процес на експропријација на дел од земјиштето, а со експлоатација на јагленот ќе запре набавката на увозен јаглен и потребите за РЕК Битола ќе бидат задоволени исклучиво со домашен јаглен од современ рудник.
Отворањето на рудникот Живојно ќе биде клучен фактор за дополнително намалување на производствената цена на струјата во РЕК Битола, а обезбедувањето јаглен од локални извори воедно претставува стратешки чекор за непречено производство на електрична енергија до целосен премин кон зелено сценарио, беше истакнато на денешната јавна расправа во Новаци. Plusinfo