Пресудата за ова дело Кривичниот суд ја зема како отежнителна околност при одмерувањето на висината на казната на Јованов при изрекувањето на казна затвор од 12 години, врз основа на признание на вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката во која ја прегази Фросина Кулакова.
Советот за казниви дела при Врховниот суд одлуката ја донел на седница одржана на 7 мај годинава, една недела пред објавувањето на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Press24
Пред Универзалната сала попладнево почна протестот што вчера го најави таткото на Фросина Кулакова, по објавувањето на пресудата за сообраќајната несреќа во која загина неговата ќерка во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Denesen
Се гледаме утре во 17.00ч пред Универзална Сала – на местото каде што на монструозен начин и беше одземен животот на Фросина по што ќе се упатиме кон судот кој денес, по втор пат ја уби.
Нека нашите чекори одекнат во име на правдата. Skopjeinfo