Поддршката којашто Народната банка ја добива од централната банка на Германија е од голема важност во процесот на модернизација и унапредување на експертските и техничките капацитети, велат од Народната банка.
Гувернерот Славески истакнал дека Народната банка е целосно посветена на усогласувањето на домашната регулатива и практиките со законодавството на Европската Унија, при што особено важна е соработката со Централната банка на Германија. Kanal5
Балц изразил благодарност за долгогодишната соработка со Народната банка и го истакнал активниот придонес на Народната банка за напредокот на проектот Западен Балкан во фазата III.
Посочил дека регионалната соработка меѓу централните банки и органите за супервизија на банките на Западен Балкан се покажала како ефикасна алатка за усогласување со стандардите на ЕУ и со најдобрите практики на Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ). Во рамки на досегашната соработка, Народната банка и Централната банка на Германија остварија бројни активности насочени кон размена на искуства, унапредување на аналитичките алатки и примена на најдобрите меѓународни и европски практики. Sitel
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со Бурхард Балц, член на Советот на централната банка на Германија, на која се разговараше за продлабочување на билатералната соработка, со акцент на унапредувањето на институционалните капацитети во клучните области на централнобанкарското работење. Nezavisen
Гувернерот Славески истакна дека Народната банка е целосно посветена на усогласувањето на домашната регулатива и практиките со законодавството на Европската Унија, при што особено важна е соработката со централната банка на Германија.
„Европските перспективи се од големо стратегиско значење за Народната банка, којашто посветено работи на реформски програми и на други стратегиски документи поврзани со интеграцијата во ЕУ. Народната банка постојано се стреми кон навремено воведување на европските стандарди во доменот на финансискиот систем. Netpress
На средбата меѓу гувернерот Трајко Славески и членот на Советот на Централната банка на Германија, Бурхард Балц било нагласено значењето на постојаната меѓуинституционална соработка, особено во делот на размената на експертиза и практики што придонесуваат за градење отпорни институции и приближување до европските регулативи и стандарди.
Поддршката којашто Народната банка ја добива од централната банка на Германија е од голема важност во процесот на модернизација и унапредување на експертските и техничките капацитети, велат од Народната банка. Sitel