Повластените провизии за плаќањата на физичките лица и компаниите помеѓу банките во рамки на НЛБ Групацијата остануваат непроменети.
„Ценовното стимулирање на електронските плаќања наспроти плаќањата на шалтер е во насока на заложбите на Банката за промовирање на користење на безбедни дигитални услуги, како и стратегијата на Банката на среден рок да овозможи, максимален број на своите производи и услуги да биде на располагање преку дигиталните канали“, појаснуваат од НЛБ Банка. Faktor
Одлуката се носи во контекст на приклучувањето на нашата земја кон СЕПА и фазата на усогласување со европските стандарди којашто е во тек, а со која се создава основа за пошироко намалување на трошоците за прекуграничните плаќања во евра, како од страна на Народната банка за државните органи, така и од страна на банките за своите клиенти.
Народната банка и натаму активно ќе работи на поедноставувањето и намалувањето на трошоците за плаќањата во земјава и кон земјите од СЕПА со крајна цел ‒ подобра услуга за граѓаните и поволна деловна средина за компаниите. Mk
Стандардизираните процеси и информативните формати на СЕПА обезбедуваат јасност и предвидливост во платните операции, побрзи трансакции (плаќањата во евра се обработуваат истиот или најдоцна следниот работен ден низ земјите на СЕПА), подобрени деловни можности и низа други придобивки за граѓаните и компаниите.
За потсетување, патот кон СЕПАза нашата земја го отвори Народната банка со воспоставувањето на целосно нова правна рамка во доменот на плаќањата, усогласена со регулаторните барања на СЕПА и формалното поднесување на апликацијата за членство, за што Европскиот совет за плаќања на 6 март 2025 година донесе позитивна одлука. Faktor
Ниските и фиксни надоместоци по трансакција, во споредба со варијабилните надоместоци во зависност од износот на трансакцијата коишто ги налагаат сложените кореспондентски аранжмани со странските банки, ќе доведат до значителна заштеда за државата при извршувањето на плаќањата на државните органи со европските земји.
Одлуката се носи во контекст на приклучувањето на нашата земја кон СЕПА и фазата на усогласување со европските стандарди којашто е во тек, а со која се создава основа за пошироко намалување на трошоците за прекуграничните плаќања во евра, како од страна на Народната банка за државните органи, така и од страна на банките за своите клиенти. Mk